Часовниците на Мицкоски и Ристовски вредат над 130 илјади евра
Тројца членови на македонската Влада пријавиле вредно злато и скапи уметнички предмети во своите анкетни листови, додека премиерот Христијан Мицкоски и Борко Ристовски поседуваат скапи часовници. Изработил: Тим на СКУП Македонија Христијан Мицкоски и неговиот министер за спорт Борко Ристовски се членовите на сегашниот состав на Владата што пријавиле скапи часовници. Ристовски пријавил рачен часовник во вредност од неверојатни 80.650 евра, стекнат во 2022 година без да се наведе правен основ на стекнување. Интересно е тоа што на свое име освен часовник пријавил само уште автомобил „Тојота РАВ4“ во вредност од над 60 илјади евра купен во 2021 година. Во анкетниот лист на премиерот Мицкоски е наведено дека поседува два рачни часовници во вкупна вредност од 52 илјади евра. Едниот часовник на премиерот , стекнат во 2015 година вреди 39 илјди евра, додека вториот е нешто „поскромен“ и вреди...