Социјалните мрежи и медиуми – лост за ширење на авторитарни пропаганди

Пишува: Горан Лефков Социјалните мрежи се најсилното оружје на руската пропаганда. Лаги, манипулации, извртувања на вистината. Тоа е рецептот со кој режимот на Путин го „бомбардира“ демократскиот свет. Со започнувањето на војната во Украина, Европската Унија ги забрани руските канали од каде се ширеше руската пропаганда, како „Раша Тудеј“, „Спутник“ и останатите телевизии и медиуми. Тогаш започна да се зголемува руската пропаганда преку средствата за комуникација на социјалните мрежи. Главниот таргет на руската пропаганда денес е социјалната мрежа Фејсбук, бидејќи за разлика од традиционалните на Фејсбук нема ригорозна контрола на таа пропаганда. Сè може да се објави, вели Горан Георгиев, истражувач во Центарот за истражување на демократијата, од Софија. Друга причина зошто се оди на Фејсбук е дека руската пропаганда таму е многу поефикасна, за разлика од традиционалните медиуми каде има и друга содржина и руските пропагатори не се сигурни дали...

Драстично намалена трската во Охридското езеро

Пишува: Горан Лефков Трската е растението што го одржува живиот свет на Охридското езеро. Без нејзе тоа ќе биде обична акумулација. За жал односот кон трската е уништувачки. Постојано се намалуваат површините под трска, се сече, се фрла градежен шут, ѓубре и што ли уште не. Проф. Здравко Крстаноски, поранешен директор на Хидробиолошки Завод Охрид, смета дека состојбата е повеќе од лоша. „Состојбата со трската е катастрофална. Во Струшкиот дел ја уништуваат трската и понатаму. Искасапени се цели области каде што има трска. Тоа е жално за гледање. Има закон за заштита на трската, ама не се почитува. За заштита на трската треба да има инспектор за земјоделство и тој колку работеше не знам. Треба да се заштити трската од тампонирање истотака. Тоа е обврска на градежните инспектори“, вели Крстаноски. Тој додава дека луѓето не го сфаќаат езерото дека...

Охридската пастрмка десеткувана: Дали државата кревала раце од езерото?

Пишува: Горан Лефков Околу 4 милиони години се создавала и опстојувала како вид, но денес охридската пастрмка е пред истребување. Ловокрадство, прелов на риба, неводење грижа за езерото се само дел од причините. Ако до пред десетина години состојбата со популацијата на Охридската пастрмка беше лоша, денес е катастрофална. Пастрмка скоро да нема ниту за лек. Заради административни причини, односно заради неуспешни тендери, веќе 5 години ниту Хидробиолошкиот завод од Охрид не може да изврши изловување и вештачко мрестење на Охридската пастрмка во езерото, за научни цели. Здравко Крстаноски, професор во пензија и поранешен директор на Јавната научна установа „Хидробиолошки завод“- Охрид, вели дека состојбата е навистина лоша. „Драстично е намалена популацијата на Охридската пастрмка. Не знам дали воопшто може да се соберат и 1 милион икри. Ако некогаш собиравме просечно 12 милиони икри, сега не можеме ниту 1,5...

Мали хидроелектрани за големи проблеми на Шара: Компании помоќни од законот

Автор: Горан Лефков Многу предизвици, многу желба, малку пари и опструкции од политичари. Ова е впечатокот од истражувањето за националниот парк Шар Планина. Идејата за прогласување на Шара за национален парк кај нас датира од 70-тите години. Но имаше сериозни опструкции. Тимот на СКУП Македонија се вклучи во оваа истрага, откако ни дојавија дека заради партиски и лични интереси не се носи Програмата за управување со Националниот парк Шар Планина за следните 10 години. Само што започна нашето истражување, од Владата стигна вест дека е усвоена е 10-годишната програма на крајот на март 2023 година. Неофицијално дознавме дека причина за одолговлекувањето на усвојувањето на програмата било лобито на сопственици на мали хидроелектрани. Целиот проблем настанал кога установата Национален парк Шар Планина дала негативно мислење за изградба на 4 хидроцентрали заради тоа што не се дозволени оти се планирани на...

Чекајќи ја гасификацијата: Над 100 дена во годината С. Македонија се задушува во загаден воздух

Пишува: Горан Лефков Загаденост над дозволените 50 милиграми пм 10 честички на метар кубен, е секојдневие во Република Северна Македонија. Ваква загаденост земјата има над 100 дена во годината, што е далеку над дозволените параметри. Тетово минатата година имало 108 дена, додека Велес над 120 дена. Скопје, Кочани, Битола се константно загадени цела зима. Сите градови коишто лежат на котлини, каде нема поголеми струења на воздухот, имаат големо загадување. Според Марјан Ненов, активист за чист воздух, загадувањето на градовите настанува заради корупцијата во власта. „Јавното обвинителство е многу корумпирано. Тоа е најзадолжено да ги гони и казнува загадувачите, но досега скоро никој не е казнет од големите загадувачи. Додека беше Ана Петревска директор на инспекторатот за животна средина, правеше напори да стави ред, но такви напори кај сегашниов директор не гледам“, вели Ненов. Тој додава дека енергетската мафија ги...

Безмилосна експлоатација на природата: се уништуваат реки и почва, трпи земјоделството

Пишува: Горан Лефков Концесиите за користење на минерални суровини и води се издаваат без многу административни проблеми, но државата нема скоро никаква придобивка. За експлоатација на нејзините ресурси од приватни бизниси државата наплатува само 8 милиони евра годишно. Иако се издадени концесии за 50-тина видови минерални суровини, сепак најмногу концесии има издадено за експлоатирање на варовник – 110, за вода – 47 и за песок и чакал – 43 концесии. За експлоатација на мермер има издадено 33 концесии, за кварц 30 концесии и за глина 15 концесии. Според базата на податоци на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), 264 фирми имаат добиено концесија од Министерството за економија за да користат минерални суровини. Вкупно се издадени 358 вакви концесии. Површината на земјата која е опфатена со овие концесии е 349 километри квадратни што е 1,4 % од вкупната територија на државата....

Оставете коментар

коментар(и)