ЗАЕВ ПРЕДИЗВИКАН ОД НИКОЛОВСКИ ВО ЧЕТВОРКАТА

Заев поседува имот вреден 728.193 евра, додека имотот на Николовски е тргнат од ДКСК заради фактот што немал државна функција од 2016 година Пишува: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Поранешниот премиер и актуелен лидер на СДСМ, Зоран Заев, во четвртата изборна единица ќе биде предизвикан од Александар Николовски, десната рака на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. На претходните парламентарни избори, одржани во 2016 година, главен противник на Заев му беше екс-лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој успеа да издвојува победа за околу 3 проценти. Четвртата изборна единица опфаќа 19 општини од јужна и југоисточна Македонија, меѓу кои е и Струмица, родното место на носителот на листата од СДСМ во оваа изборна единица, Зоран Заев. Поранешниот премиер, според предвидените двајца носители на листи во изборните единици од СДСМ и Коалицијата, го придружува пратеничката Соња Мираковска од Нова-социјалдемократска партија (НСДП). Останатите општини во...

НЕПОДГОТВЕНИ ЗА ВТОРИОТ БРАН НА КОРОНА ВИРУСОТ: КРЕВЕТИ ИМАМЕ, НО ЛЕКАРИ НЕ

Првиот бран на вирусот КОВИД-19 поминува полесно од колку што се очекуваше. Капацитетите за згрижување не се пополнети заради спроведување на стратегијата на домашно лекување. Но што ако на есен има втор бран на вирусот, посилен од пролетниот? Инфектолозите предупредуваат: „Ќе ни се случи Италиjа“!   Пишува: Екипа на СКУП Со аплауз во знак на благодарност за здравствените работници, Скопје се радуваше на се подобрите резултати во борбата против коронавирусот КОВИД-19. По се изгледа земјата го достигна пикот на 19 април, кога броеше 977 активни случаи, и оттогаш бројот на заразените е во постојан пад. По 20 дена од пикот на пандемијата, земјата брои 419 активни случаи, 1112 оздравени и 91 жртва. Број на жртви од Ковид-19 на 1 милион жителиInfogram Иако според бројот на жртвите на милион жители Македонија е на првото неславно место, се проценува дека, сепак, земјата...

Власта носи пари, а за опозицијата „ трошки “

Владејачката СДСМ за двојно го зголемила буџетот споредено со 2016 година, за разлика од нивните политички опоненти, ВМРО-ДПМНЕ, кај која, пак, двојно се намалиле приходите во последниве четири години откако изгубија на парламентарните избори. Салдата растат и кај ДУИ и ДПА ДОКУМЕНТИ Пишува: Жаклина Хаџи-Зафирова Две илјади и деветнаесетта година за некого заврши лошо, но некому му донесе насмевка на лицето. Вака накратко може да се опише чувството кога ќе се погледнат завршните сметки на најголемите партии во земјава. Владејачката СДСМ за двојно го зголемила буџетот споредено со 2016 година, за разлика од нивните политички опоненти, ВМРО-ДПМНЕ, кај кои, пак, двојно се намалиле приходите во последниве четири години откако изгубија на парламентарните избори. Но, ова не е единственото поле на кое во последниве години губи партијата на Мицковски. Поголемиот дел од нивниот имот е замрзнат поради судски процеси, а...

НОСИТЕЛИ НА ИЕ2: „ЖЕШКА“ ТРКА НА КЛУЧНИ ПАРТИСКИ ИМИЊА

Во рамките на проектот ПЕП, СКУП продолжува да ги објавува профилите на носителите на изборните листи, со осврт на нивната имотна состојба. Пишуваат: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Лидерите на парламентарните партии ниту на нивната втора средба не успееја да се согласат за датумот за одржување на парламентарните избори. Јуни, јули или август – се месеците каде СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ бараат ден кога граѓаните ќе го кажат нивниот став, и покрај неможноста да се предвиди дали дотогаш ќе го снема ризикот од вирусот КОВИД-19. „Жешко“ се очекува да биде и во Изборната единица 2, каде како носители на кандидатските листи се Оливер Спасовски и Сања Лукаревска од СДСМ, Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ, Арбер Адеми од ДУИ и Африм Гаши од коалицијата Алијанса на Албанците-Алтернатива. Оваа изборна единица опфаќа територија на 10 општини од Град Скопје и северниот дел на...

НОСИТЕЛИ НА ПРВАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА: КОЛКУ СЕ БОГАТИ?

Во рамките на проектот ПЕП (Политички изложени личности), СКУП ќе ги прикажува биографиите на носителите на кандидатските листи во сите изборни единици, со посебен фокус на нивната имотна состојба. Пишува: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Се беше подготвено за почеток на големата изборна трка за власта во Северна Македонија, која требаше да заврши на 12-ти април, кога граѓаните ќе одлучуваа кој да ја води државата во наредните години. Но, тоа што изгледаше дека е далечен проблем кој ја засега само Кина и нејзините соседи, за кратко време стана глобален проблем. Пандемијата предивикана од Корона вирусот, која кон крајот на февруари стигна и во С.Македонија, ги принуди политичарите да седнат на заедничка маса и да ги одложат предвремените парламентарни избори. Иако официјално се уште не беше започната кампањата, тие веќе започнаа со подготовки. На овој начин целиот изборен процес беше...

ПАНДЕМИЈАТА ГИ ИЗНЕСЕ НА ПОВРШИНА ДЕФЕКТИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

Пишува: Екипа на СКУП Вкупно 37 лекари можат да се избројат на веб сајтот на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, која беше прва на удар за потешките случаи на заразени со Корона вирусот. Но реално, најпрвин биле ангажирани само 7 доктори специјалисти за потоа нивниот број да прерасне во 12, кои работат распределени во 4 групи и на кои им помагаат за цело време само лекарите специјализанти. Нејасно е за јавноста зошто не се ангажирани другите лекари и дали истите се на боледување или имаат други причини. Одделот за респираторни инфективни болести има само 4 доктори и пет сестри. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје од 2018 година, на оваа клиника има 129 кревети.  НЕДОСТИГ НА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ „Обезбеденоста со лекари во општите и клиничките болници е релативно добра,...

Оставете коментар

коментар(и)