„ШИРОК КОНСЕНЗСУС“ ЗА ЗАГАДУВАЊЕ НА КОЧАНИ: ПРОФИТОТ ПОВАЖЕН ОД ЗДРАВЈЕТО
Пишува: Горан Лефков Кочани до скоро важеше за најчиста урбана средина во Македонија. Со околу 30 илјади жители, градот лежи на Кочанското поле, познато по квалитетниот ориз и термалните води. Овој град од источна Македонија беше синоним на здравата средина, чистиот воздух и бистрата вода. Се се смени кога во 2016 година повторно почна да работи фабриката за хартија „Пејпер Мил“. Од тој ден градот е претворен во депонија за хартија. Загадувањето од е енормно, а тоа го покажуваат и резултатите од анализите, до кои дојде СКУП. ДОЗВОЛЕНО Е ДО 500, А НИВОТО НА ЈАГЛЕН МОНОКСИД ДОСТИГНУВА И ДО 1.5000 Вредности од 600 до 15.000 милиграми на Јаглерод моноксид е маргината во која се движи мерењата од различни акредитирани лаборатории во Македонија и Бугарија. Иако според А- интегрираната еколошка дозвола овие вредности не смеат да надминат 500 милиграми Јаглерод...