Тajкуни, политичари, осуденици… – кој стои зад офшор компаниите во земјава? (Втор дел)

Автор: Влатко СТОЈАНОВСКИ Во сопственичката структура на 408 компании се јавуваат други правни субјекти со седиште во вкупно 28 странски држави, кои, како што објавивме во првиот дел од серијалот посветен на офшор фирмите во земјава, претежно се европски специфични јурисдикции, но меѓу нив се сретнуваат и безмалку сите далечни даночни оази што нудат највисок степен на дискреција. Во ова продолжение, пак, откриваме за кои компании станува збор – каков е нивниот статус, со што се занимаваат, кои лица и субјекти фигураат во нивната сопственичка структура итн. Од обемните податоци што ги обезбедивме од Централниот регистар произлегува дека многу од веќе утврдените офшор компании се јавуваат како сопственици на други компании во државава, кои пак често водат кон трети фирми. Иако за помал дел од нив се води стечајна постапка, друг дел се деловно неактивни, сепак, најмногу од нив...

ВЛАСТА МИЛУВА, АМА КОРУПЦИЈАТА УРИВА

Граѓаниуте едноставно  не веруваат на теротјата дека корумпираториите ќе смогнат сили да се борат против корупцијата. Сепак, нешто да мредне од со години мртвата корупциска точка, јавноста малку надеж гледа во ресорното министерство за борба против корупцијата и во реализацијата на владината парограма за борба против корупцијата. Вака некако како во наслот е правилото кое порано или покасно ги погодува луѓето кои располагаат со народните пари. Со буџетот на државата, со буџетите на општините и со парите на јавните претпријатија и на другите државни устаови. Корупцијата е вгнездена во државните пари. Тие се коруптивниот извор, а релацијата е јавни пари – јавни функционери. Корупцијата го разјадува секое општество. Нашево, исто така, не само што не е имуно на корупција, туку на светските коруптивни скалила отсекогаш е пи врввот. Неодамна македонската влада не само што постави министер за борба против...

Исплатени над 15 милиони евра по судски решенија за експропријација на земјиштето за автопатот Кичево – Охрид, од кои 5 милиони евра за трошоци

Пишува: Саше Димовски Жител на охридско село, на кого му биле одземени 4 метри квадратни земја за изградба на патот Кичево-Охрид, останал незадоволен од понудата на државата да му исплати по 550 денари за метар квадратен и побарал судот да ја утврди реалната цена. Бил ангажиран вештак, кој проценил дека имотот вреди по 20 евра, двојно повеќе од понуденото. Судот, по неколку одржани рочишта му определил 4.800 денари надомест, а досудил и трошоци во судската постапка од 30.000 денари, што е 8 пати повеќе од вредноста на спорот. Овој предмет не е единствен каде што судските трошоци повеќекратно ја надминале вредноста на спорот, а со тоа, само за судски трошоци, адвокати, вештаци и жалби биле потрошени околу 5 милиони евра, или една третина од над 15 милиони евра, колку што вкупно исплатило ЈП за државни патишта во периодот 2014-2020...

КОГА ДРЖАВАТА ЈА НЕМА НА БЕЛИОТ, НА ГРАЃАНИТЕ ИМ ОСТАНУВА ШВЕРЦ – КОМЕРЦ НА ЦРНИОТ ПАЗАР

Лекарствата од црниот пазар со непознато потекло често се со поминати рокови, со препакувани амбалажи и без упатства за употреба и посебно без државна здравствена контрола па ризиците по здравјето на луѓето се големи. Нелегалниот, црниот пазар на лекови во овој пандемски период е во експанзија, но тој вирее постојано. Во секоја криза,  во секоја ситуација од недостиг на нешто, шверцот испливува. Луѓето имаат потреба од нештата, а кога државата е трома, кога институциите се недоветни и кога политиката е непродуктивна, кога не е во состојба на гртаѓаните да им ги задовои елементарните егзистенцијални, во случајов здравствени потреби, секогаш алтернативата бил шверцот. Така и сега со кризата предизвикана од пандемијата од вирусот Ковид 19. Стратвот и неизвесноста се силен аргумент за притисок врз психата на луѓето. Пандемијата наметна здравсвена и економска кртиза. Значи,  двете најегзистенцијални нешта во секое општество....

Mенуваат националност за работно место

Автор: Весна Ивановска-Илиевска Повеќе од 20 години ги истражува археолошките локалитети во земјава, а нема ниту еден ден работен стаж. На студ, под жешкото сонце, на локалитети под вода, археологот Валентина Тодороска е редовен член во археолошките тимови во Македонија и во регионот. Соработувала скоро со сите музеи во земјава, а последниот долгорочен ангажман на договор на дело ѝ бил во „Д-р Никола Незлобински“ во родната Струга. Кон крајот на 2019 година музејот објавил оглас за вработувања. По четирите години работа како хонорарец, Тодороска се пријавила надевајќи се дека конечно ќе ѝ се реши статусот. Иако било наведено дека конкретната позиција е за археолог по националност Албанец/ка, таа се пријавила очекувајќи да се почитува процедурата – ако на два последователни огласа не се пријави експерт од соодветената националност, на третиот оглас се земаат предвид сите пријавени кандидати. Но, кандидат...

Проблемот наречен Русино: Сметот се трупа и пали, решението сѐ уште на хартија

автор: Дејан Ангеловски             Дивата депонијата Русино е лоцирана над Гостивар, во Бањичкото Поле, каде тече Сушичка Река која го напојува Бањичко Поле и се влива во Реката Вардар. Многу гостиварци оваа локација ја посакувале за излетничко место, но наместо тоа, Русино се прочу како депонија која со последните мерења се проширила на површина од 120.000 м2, сѐ до националниот парк Маврово, каде многумина доаѓаат за да најдат мир и спокој во огромното зеленило и шумскиот рај. На депонијата се одложува отпад од девет општини од Полошкиот регион во количина приближно од 120.000-140.000 тони дневно, кој често пати се пали, а тешките мириси и чад се шират над Гостивар и околината. Така и оваа зима. Иако надлежните најавија дека конечно ќе се санира депонијата и ќе се најде решение за нивниот вечен проблем, сепак, мерењата на воздухот покажуваат дека...

Оставете коментар

коментар(и)