
Пишува: Саше Димовски Жител на охридско село, на кого му биле одземени 4 метри квадратни земја за изградба на патот Кичево-Охрид, останал незадоволен од понудата на државата да му исплати по 550 денари за метар квадратен и побарал судот да ја утврди реалната цена. Бил ангажиран вештак, кој проценил дека имотот вреди по 20 евра, двојно повеќе од понуденото. Судот, по неколку одржани рочишта му определил 4.800 денари надомест, а досудил и трошоци во судската постапка од 30.000 денари, што е 8 пати повеќе од вредноста на спорот. Овој предмет не е единствен каде што судските трошоци повеќекратно ја надминале вредноста на спорот, а со тоа, само за судски трошоци, адвокати, вештаци и жалби биле потрошени околу 5 милиони евра, или една третина од над 15 милиони евра, колку што вкупно исплатило ЈП за државни патишта во периодот 2014-2020...