
Од вкупно 78 функционери опфатени во алатката за поголема дигитална транспарентност, 61 трошеле додека 17 не потрошиле воопшто. Пишува: Љубица Иванова Министерот за надворешни работи (МНР) Никола Димитров, вице-премиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и премиерот Зоран Заев потрошиле најмногу буџетски пари во првите месеци од 2019, покажува анализата на СКУП заснована на податоците од алатката за отчетност. Никола Димитров има потрошено вкупно 1.282.027 денари. Најмногу потрошил во април – 363.530 денари, а најмалку во јануари – 111.384 денари. Во месец април патувал на работен престој во Вашингтон на средби со претставници од американски државни институции, како и работен престој во Берлин, каде што биле одржани повеќе брифинзи и работни состаноци, со фокус на тема Придобивки од Преспанскиот договор, активностите на министерот продолжиле во Варашава каде што присуствувал на седница на Сенатот на Република Полска, како и работен...