
Анѓушев, Бектеши, Лика, Димитров, Заев и Асаф Адеми се најбогатите министри и заедно тежат околу 35 милиони евра Десковска, Дураки, Едмонд Адеми, Манчевски, Тевдовски и Николовски се најсиромашните министри, при што заедно поседуваат само 500 илјади евра Министерот Ахмедовски воопшто го нема пријавено неговиот имот, а некои од министрите „заборавиле“ да го наведат имотот на нивните родители Истражувањето на СКУП во рамките на проектот „Политички експонирани личности“ покажува дека функционерите во Македонија располагаат со шаренолики имотни состојби Автори: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Првите седум најбогати министри на владата на Република Македонија пријавиле дека поседуваат имот во висина од 35 милиони евра. Убедливо најбогат функционер со имот од 30 милиони евра е Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори. Покрај во Скопје, Анѓушев располага со стан во Белград...