СКУП истражува: Хаос со службените возила – не се знае кој и каде ги вози
автори: Бјанка Станковиќ Ангела Петровска Ангела Рајчевска Сликите со скапи и луксузни возила од кои излегуваат натокмените функционери можеби до скоро граѓаните ги замислуваа како сцена од некој филм, но во последно време тоа стана стварност и на овие простори. Да не се случеше епизодата со прочуениот службен џип со кој поранешниот заменик министер за труд и социјала Диме Спасов се „прослави“ неславно во медиумите дека учествувал во две сообраќајни несреќи кој знае кога во јавноста ќе се отвореше прашањето какви возила имаат министерствата и воопшто јавните институции, кој ги вози и дали некој сноси одговорност за нив? СКУП направи поопсежно истражување за возните паркови на институциите и откри фрапантни податоци: дури 27 службени возила на Министерството за труд и социјална политика не се пронајдени на службениот паркинг на министерството за време на вонредниот попис направен на 12...