Партиски вработувања за нефункционални општини
Општина Ранковце е рекордер според бројот на вработени во Македонија. За 10 години, оваа општина го зголемила бројот на вработени за пет пати. Во 2005 година во општината имало 6 вработени, додека во 2014 нивниот број пораснал на 31 лице. Ист процес на вработување во изминативе 10 години како Ранковцеима и Општината Долнени. Но за разлика од Ранковце, оваа Пелагониска општина има 3 пати повеќе жители од Ранковце. Третото место, според растот на вработените во општинската администрација го држи општината Тетово. Таа од 2005 до 2014 година го зголемила бројот на вработени за 4,5 пати. Во Тетово половина од буџетот оди за плати на администрацијата. Според градоначалникот на Ранковце Момчило Алексовски, превработеноста го отежнува функционирањето. „Најголем товар ни е противпожарната единица. Имаме 9 пожарникари кои земаат плата од општинскиот буџет. Мора прво платите да се измират, па после за...