ФУНКЦИОНЕРИТЕ НЕ ШТЕДЕЛЕ НА АВИОНСКИ КАРТИ, ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ И РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Од вкупно 78 функционери опфатени во алатката за поголема дигитална транспарентност, 61 трошеле додека 17 не потрошиле воопшто. Пишува: Љубица Иванова Министерот за надворешни работи (МНР) Никола Димитров, вице-премиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и премиерот Зоран Заев потрошиле најмногу буџетски пари во првите месеци од 2019, покажува анализата на СКУП заснована на податоците од алатката за отчетност. Никола Димитров има потрошено вкупно 1.282.027 денари. Најмногу потрошил во...