Против местење фудбалски натпревари

Партнерот на СКУП Македонија во проектот против местење фудбалски натпревари, полската компанија Екстракласа (која управува со Првата фудбалска лига на Полска), ја организира оваа конференција на која ќе се зборува за тоа како да се детектираат натпреварите кои се наместени. На конференцијата кофинансирана од програмата Еразмус+спорт ќе учествуваат и останатите учесници на овој проект, како германскиот спортски универзитет од Келн, Европскиот интердисциплинарен институт од Париз и многу други.Учеството на конференцијата е бесплатно, но бројот на местата е ограничен. Регистрирајте се навреме на следниот линкhttps://go.mywebinar.com/wlck-dtzw-srwe-zrdc

Помош на социјално загрозени семејства за плаќање сметки

Здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци Љубезност од Скопје во соработка со иницијативата Ways2Help почнаа активност на еднократно плаќање на заостанати сметки за електрична енергија со приоритет на социјално загрозените семејства на кои им е прекината доставата на електрична енергија. „Детектираните семејства кои ги добиваме преку различни канали на комуникација ги посетуваме, ја проверуваме и потврдуваме нивната веродостојност и за оние за кои што е потврдено дека имаат проблем со редовно плаќање на овие сметки ги поставуваме на заедничка онлајн платформа, а Ways2Help ги објавува и бара потенцијални индивидуални и корпоративни донатори кои преку линк вршат електронско плаќање на посочените сметки. Преку оваа иницијатива досега успеавме да платиме 555 заостанати сметки со вкупен износ од 1.130.651 денар на 76 семејства кои живеат во сиромаштија. На овој начин на нашите крајни корисници им овозможивме...

Се подготвува петтиот Истражувачки филмски фестивал

Во моментов ПИНА работи на неколку проекти поврзани со новинарството, медиумската писменост како и едукацијата на млади новинари. Веќе ги започнавме подготовките за петтото издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје кој во октомври ќе се одржи по петти пат во Скопје. Работиме на изготвување на интересна програма која опфаќа важни дискусии, говорници и работилници за новинарството, како и на филмската програма која секоја година може да се погледне на фестивалот. Освен активностите за фестивалот, соработуваме и со Мрежата на млади новинари, каде учествуваме во менторските процеси кои се дел од едукацијата на младите новинари што учествуваат во мрежата. Заедно со нив, даваме поддршка во изработката на медиумски производи, како и менторска поддршка. Во подготовки сме и за нови активности поврзани со темите важни за жените новинарки, како и можности за развој на медиумски содржини, кои ќе бидат промовирани наскоро.

Реформи во општините

Форум- Центарот за стратешки истражувања и документација во изминатиов период спроведуваше обуки на млади луѓе за граѓански активизам и им помагаше во спроведување на граѓански иницијативи на локално ниво. „Направивме истражувања за користење на можностите за непосредно учество на граѓаните во носење на одлуки на локално ниво, за потенцијалите за корупција при експлоатација на шумите, за состојбите со органското земјоделство во Македонија и во три држави од соседството, велат од Форумот. Оваа невладина организација изработи и два прирачници на овие теми, како и една наставна програма за органско производство за потребите на образование за возрасни лица. Неодамна Форумот заедно со уште пет други организации формираше мрежа за реформи во локалната самоуправа, па во наредниот период планираат низа активности во овој правец. Предвидена е и промоција на новата стратегија за соработка со граѓанскиот сектор во општина Кавадарци, која е подготвена...

Парламентот под лупа на невладините

Невладината организација „Полио плус-Движење против хендикеп“ во изминатиов период реализираше две анализи кои го засегаат работењето на Парламентот. Двете анализи се изработени со финансиска поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер. Целта на првата анализа наречена „Анализа на политичките програми од предвремените парламентарни избори 2020 наспроти Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп“. Целта на оваа анализа е да се даде приказ колку политичките програми предложени за време на парламентарните избори 2020 се усогласени со ООН Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп и во колкава мера политичките партии, како и вкупниот однос на општеството се подготвени да ги прифатат граѓаните со хендикеп како рамноправни граѓани на нашето општество. Втората е  Анализа на практиките на парламентите во однос на заедницата со хендикеп која дава компаративен приказ на практиките на парламентите во неколку земји во насока на согледување на состојбата и...

Формирана Мрежа од совети на публики за ранливите групи

Институтот РЕСИС, со поддршка на Програмата Цивика Мобилитас ја формираше Мрежата од совети на публики во која досега се приклучија над 50 граѓански организации на локално ниво кои работат со различни ранливи групи: деца и малолетници, лица со сетилна и друга попреченост, лица со ретки болести, припадници на ЛГБТ заедницата, социјално загрозени групи, зависници и други ранливи групи. Целта на Мрежата е да ги поттикне ранливите групи и нивните граѓански организации заеднички и координирано да работат на остварување на комуникациските права на ранливите групи во јавната сфера.   На работилниците што ги организираше РЕСИС при формирањето на Мрежата, граѓанските организации од различните региони низ земјава зборуваа за најактуелните проблеми со кои ранливите групи се соочуваат во јавната сфера и за неопходните чекори што треба да се преземат во полето на медиумските политики за да се надминат овие проблеми: пристапот...

Оставете коментар

коментар(и)