Бранко Ѓорѓевски: Робот може да ги чита вестите, но не може да ја замени суштината на новинарството

Вештачката интелигенција може значително да им ја олесни работата на новинарите преку брзо собирање и синтетизирање податоци, факти и аргументи, но не може да го замени она што е во сржта на професијата – способноста на новинарот да дојде до ексклузивна информација, оценува Бранко Ѓорѓевски, новинар во весникот „Вечер“. Во интервју за СКУП, Ѓорѓевски вели дека содржините добиени со помош на ВИ не треба автоматски да се преземаат и објавуваат, бидејќи технологијата користи информации од интернет-просторот во кој има и неточни и манипулативни содржини. Според него, проверката останува клучната задача на новинарот, без разлика дали станува збор за текст, податоци, фотографии или видеоснимки. Тој очекува употребата на ВИ во медиумите да расте, но верува дека суштинската новинарска работа ќе опстане. СКУП: Со оглед на вашето богато новинарско искуство поврзано со медиумската сфера, кои се главните предизвици во употребата на...

OpenAI притисна на кочница: Го паузира тренирањето на најновите модели по инцидентите со ВИ-агенти

OpenAI го паузира тренирањето на своите најнови модели на вештачка интелигенција додека воведува дополнителни безбедносни механизми, откако серија ВИ-агенти извршувале неочекувани активности на владини и други веб-страници, а во најмалку 53 случаи фотографии од корисници на ChatGPT биле пренесени на други места. Одлуката претставува значително заострување на реакцијата на компанијата на проблемите што излегоа на виделина во последните денови. OpenAI претходно соопшти дека истражува десетици случаи на неочекувано однесување на автономни агенти. Сега компанијата привремено го запира и тренирањето на најновите модели додека се обидува да постави дополнителни заштитни механизми. Компанијата соопшти дека тренирањето ќе продолжи кога ќе биде уверена дека новите заштити се доволни. Тоа не значи дека ChatGPT престанува да работи, ниту дека OpenAI го запира развојот на вештачката интелигенција во целина. Од неочекувано пребарување до владини системи Одлуката следува по откритијата дека ВИ-агенти на OpenAI во...

Шест табори се борат за иднината на ВИ: Едни бараат забрзување, други предупредуваат на исчезнување на човештвото

Дебатата за иднината на вештачката интелигенција повеќе не се води само меѓу оние што ја поддржуваат и оние што се плашат од неа. Во технолошката индустрија, академската заедница и американската политика се формираат повеќе табори – од оние што бараат максимално забрзување на развојот, до истражувачи кои предупредуваат дека создавањето суперинтелигентни системи може да донесе катастрофални последици. Поделбите дополнително се продлабочија во септември, откако истражувачот Џејкоб Коксон јавно ја напушти „Антропик“, каде што работел по претходен ангажман во „ОпенАИ“, обвинувајќи ги водечките компании дека се натпреваруваат кон создавање самоусовршувачка суперинтелигенција и дека со тоа преземаат неприфатлив ризик. Неговото заминување ја засили пошироката расправа за тоа колку брзо треба да се развива ВИ и кој треба да ја контролира. Според анализата на американското Национално јавно радио (NPR), зад навидум едноставниот судир „за или против ВИ“ стојат најмалку шест различни школи...

Борис Георгиевски: ВИ се злоупотребува за вести и неетички монтажи, потребни се јасни правила

Во интервју за СКУП, Георгиевски предупредува на практиката на дел од медиумите да користат ВИ за создавање вести и информации, како и за неетички монтажи на фотографии и видеа. Проблем гледа и во користењето на технологијата за преведување и обработка на текстови без соодветна проверка на крајната содржина. Злоупотребата на вештачката интелигенција и нејзината некритичка и непрофесионална употреба се меѓу главните предизвици со кои денес се соочува новинарството, оценува искусниот новинар Борис Георгиевски. Според него, новинарските здруженија и професионалните организации треба сами да ги постават етичките и професионалните граници за употребата на ВИ. Во спротивно, предупредува тој, во одреден момент тоа може да го направи државата, што би било лошо за медиумите и новинарството. СКУП: Со оглед на вашето богато новинарско искуство поврзано со медиумската сфера, кои се главните предизвици во употребата на вештачката интелигенција во новинарството? Борис Георгиевски:...

ИНТЕРВЈУ / Слободанка Блажевска: Хиперпродукцијата на вести со ВИ може да ја уништи довербата во новинарството

Вештачката интелигенција за комерцијалните медиуми може да стане начин за намалување на трошоците преку замена на новинарите, но таквиот пристап носи ризик од губење на духот на новинарското известување и на довербата на публиката, оценува новинарката Слободанка Блажевска од Канал 77. Во интервју за СКУП, Блажевска вели дека ВИ треба да остане техничка помош за новинарите, а не извор кој ќе го замени човекот. Според неа, технологијата не може да излезе на терен, да присуствува на настан и да процени што е суштински важно за јавноста. СКУП: Со оглед на вашето богато новинарско искуство поврзано со медиумската сфера, кои се главните предизвици во употребата на вештачката интелигенција во новинарството? Слободанка Блажевска: Сметам дека комерцијалните медиуми, односно нивните сопственици, гледаат светла точка во вештачката интелигенција во смисла на кратење на трошоците преку замена на новинарите со ВИ. Од друга страна,...

ВИ излезе од зададените рамки: Агенти на OpenAI влегувале во владини системи и пренесувале фотографии

ВИ-агенти на OpenAI пристапувале до веб-страници на американски владини институции, во некои случаи се обидувале да ги заобиколат безбедносните контроли, а во најмалку 53 случаи пренеле фотографии од корисници на ChatGPT на други локации, покажува истрага што отвора нови прашања за контролата врз автономните системи со вештачка интелигенција. OpenAI соопшти дека предупредил десетици влади, универзитети, јавни агенции и други организации низ светот дека неговите ВИ-агенти можеби несоодветно комуницирале со нивните системи. Меѓу американските институции се Комисијата за хартии од вредност и берзи – SEC, Бирото за попис и Министерството за образование. Компанијата вели дека не секој од овие случаи претставува безбедносен пробив и дека податоците од американските владини системи до кои агентите пристапиле биле јавно достапни. Но проблемот е во начинот на кој дел од агентите се обидувале да дојдат до нив. ВИ самостојно ги заобиколувала контролите Агентите биле...

Оставете коментар

коментар(и)