Дополнување на објавената информација за висината на потрошените средства за репрезентација на Општина Струмица
Почитувани, Во врска со Истражувањето на СКУП, за трошоците на Општина Струмица за репрезентација, чуствуваме обврска и потреба да ги дополниме објавените информации со цел целосно и правилно информирање на јавноста. Имено, oбјавената информација за висината на потрошени средства за репрезентација е резултат на синтетичкото сметководство на Општина Струмица и вклучува трошоци за храна, пијалоци, превоз, хотелско сместување, изнајмување на сали, опрема, печатарски услуги, обезбедување, хонорари и надоместоци за ангажирани лица, за следните настани и активности: – организација на културни манифестации (Струмички карневал, Струмица опен фестивал, Меѓународна Струмичка ликовна колонија, Фестивал за камерен тетар Ристо Шишков, Тримерски обичаи); – одбележување на годишнини на значајни настани и личности; – поддршка на настани од јавен интерес на здруженија на граѓани и културни работници; – поддршка на настани на спортски клубови и спортски манифестации; – одржување на семинари, работилници и активности на општинската администрација; – подготовка на...