Регионална анкета: Свиркачите најнепопуларни во Македонија

СКУП Македонија дел од Коалицијата за заштита на свиркачите на Југоисточна Европа. Минатата година во март во Скопје, СКУП го организираше првиот меѓународен ден на свиркачите и работи на подигање на јавната свест за придобивките од заштитата на овие граѓани, кои се осмелуваат да пријават корупција.   Анкетата за перцепцијата на јавноста за укажувањето во Македонија беше спроведена од страна на Советот за регионална соработка во 2017 година. Репрезентативен примерок од 1,000 испитаници одговорија на повеќе прашања во врска со ова. Анкетата ја открива силната потреба од подобрено јавно образование и свест за придобивките од укажувањето и важноста укажувачите да се заштитат од одмазда, особено на работното место. Далеку помалку луѓе од регионалниот просек – само 41 процент – се изјасниле дека луѓето треба да бидат поддржани за пријавување сериозни прекршоци со откривање на внатрешни информации. Триесет проценти рекле...

СКУП на Националниот форум на Цивика Мобилитас

“Во изминатите неколку години можевме да видиме дека организациите на граѓанското општество уживаат поголема доверба кај нивните конституенти, влијанието од нивните акции станува посилно и резултатите од нивните акции многу по одржливи.” – изјави амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада, на официјалното отворање на третиот Национален форум кој се одржа во Градскиот парк во Скопје, организиран од Цивика Мобилитас. Свој штанд на Националниот форум имаше и Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, како грантист на оваа швајцарска програма. Учествуваа повеќе од 200 граѓански организации од цела Република Македонија кои имаа можност да ги претстават своите организации и активности пред поситителите. Се одржаа и разни работилници, како и детско катче, креативно катче, видео катче и настапи на музички бендови. На официјалното отворање на настанот се обрати амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, нејзината екселенција Сибил...

Невладини организации ќе ги контролираат општините и во Источна Македонија

Ангела Рајчевска   Невладината организација Ехо од Штип и Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци ќе го мониторираат работењето на општините во Источниот плански регион. Тие треба да го споредат работењето на локалните самоуправи  во делот на спроведувањето на Сигма стандардите адаптирани на локално ниво за добро управување на општините, поставени од Европската Унија. Овие организации имаат капацитети за спроведување на оваа евалуација смета Ивана Ќуркчиева, од Центарот за управување на промени кој е организација носител на проектот на Европската Унија за спроведување Сигма стандардите. ,,Биравме организации од различни региони со цел децентрализација, потикнување и јакнење на капацитетите на помалите граѓански организации во Македонија. Целта е да ги зајакнеме капацитетите на граѓанските организации и да ги поттикнеме на поголема иницијативност во однос на следење на јавната администрација заради нејзино подобрување“ вели Ќуркчиева од Центарот за управување со промени. За Бети...

ОРГАНИЗАЦИИТЕ СЕ ЗДОБИВААТ СО ВЕШТИНИ ЗА НАБЛУДУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА ОПШТИНИТЕ

“Стандарди за добро управување во јавната администрација” е втората од седумте дводневни сесии за претставници на НВО од сите региони во Република Македонија. Денеска заврши дводневната работилница во хотелот “Етно село” крај Куманово, каде учесниците на обуката се запознаваа со СИГМА принципите и стратегиските рамки за реформи во јавната администрација, управувањето со кадровските ресурси и со јавните финансии. На уцениците на обуката им беа презентирани и техники, вештини и алатки за односи со јавноста и за комуникацијата на активистите на граѓанските организации со медиумите а во функција на афирмација на резултатите од нивните активности. Набљудување преку СИГМА стандарди на локално ниво и ПР техники се вештини со кои ќе се здобија членовите на R.C.C DROM, Љинда од Куманово и JEF Macedonia на дводневната обука во Етно село – кумановско. Невладините организации рекоа дека во иднина ќе ги користат стекнатите...

Презентирана Платформа за соработка на невладините и медиумите

Потребна е поголема поддршка од донаторите за развој на истражувачкото новинарство и за создавање на што повеќе истражувачки стории. Ова е една од поентите од денешната презентација на Платформата за дијалог и соработка меѓу граѓанските организации и медиумите, чија содржина е достапна на интернет страницата: www.istrazifakti.mk. На презентацијата се претставија и дел од малите проекти кои беа финансирани во рамките на проектот, меѓу кои и Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија. СКУП, во рамките на проектот изработи серија стории на тема клевета и навреда, преку кои ја претстави актуелната состојба со тужбите кои се покренуваат за клевета и навреда. Преку аналитичен пристап и со употреба на истражувачки техники, СКУП со овие истражувачки стории го претстави трендот на полето на клевета и навреда, посебно по процесот на декриминализација на клеветата и навредата, потоа профилот на тужените и тужителите, како и меѓународните...

НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЌЕ БИДАТ ПОПРИСУТНИ ВО МЕДИУМИТЕ

„Стандарди за добро управување во јавната администрација“ е темата на дводневната обука која се одржува во хотел СКАРДУС на Попова Шапка. Обуката е во рамките на проектот “Следење на принципите на јавната администрација во зачувувањето на вредностите на доброто управување”, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Центарот за управување со промени (ЦУП), Агенцијата за менаџмент консалтинг МКА 2000 и Центарот за истражувачко новинарство СКУП – Македонија. Учесници на обуката се членови на невладини организации од полошкиот регион, кои добија грантови за следење на принципите на добро владеење на локалната власт. “Идејата на проектот е да се помогне на невладините организации да разберат што значи јавна администрација, која е улогата на јавната администрација во развој на демократија во развој на добро управување и како тоа придонесува за добар живот на луѓето во државата. Целна група ни се млади, нови...

Оставете коментар

коментар(и)