Конференција Заедно во борба против корупцијата

Во рамките на проектот Заедно во борба против корупцијата финансиран од Европската Унија, СКУП ќе ја одржи првтата годишна конференција. Настанот ќе се одржи во четворток, 23 јануари во салата Милениум 2 на хотелот Холидау Ин. Во продолжение агендата за оваој настан. ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ  „ЗАЕДНО ВО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА” 23Јануари (четврток) –Холидеј Ин (Сала Милениум 2) – Скопје 09.45 – 10.00 Регистрација на учесници 10.00 – 10.15 Воведни обраќања   Александар Божиновски, Проектен менаџер, Центар за истражувачко новинарство СКУП   Анабел Регал Фондоп, Програмски менаџер, Правда и владеење на право, Делегација на ЕУ   – 11.45 Предизвиците на истражувачкото новинарство во борбата против корупција   Сашка Цветковска, Основач и претседателка на Истражувачка репортерска лабораторија – Предизвици и иновации во истражувачки стории – како да се оствари поголем интерес за правда   Александар Димитриевски, Истражувачки новинар...

СКУП член на Советот за етика

Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија се најде на регистарот за професионални онлајн медиуми кој го изработија Здружението на новинари на Република Северна Македонија во соработка со Советот за етика во медиуми. Регистарот засега опфаќа 72-ва онлајн медиуми и истиот од јануари ќе биде достапен како веб-платформа www.promedia.mk , на која ќе има детали за сите членки.

Дополнување на објавената информација за висината на потрошените средства за репрезентација на Општина Струмица

Почитувани, Во врска со Истражувањето на СКУП, за трошоците на Општина Струмица за репрезентација, чуствуваме обврска и потреба да ги дополниме објавените информации со цел целосно и правилно информирање на јавноста. Имено, oбјавената информација за висината на потрошени средства за репрезентација е резултат на синтетичкото сметководство на Општина Струмица и вклучува трошоци за храна, пијалоци, превоз, хотелско сместување, изнајмување на сали, опрема, печатарски услуги, обезбедување, хонорари и надоместоци за ангажирани лица, за следните настани и активности:   – организација на културни манифестации (Струмички карневал, Струмица опен фестивал, Меѓународна Струмичка ликовна колонија, Фестивал за камерен тетар Ристо Шишков, Тримерски обичаи); – одбележување на годишнини на значајни настани и личности; – поддршка на настани од јавен интерес на здруженија на граѓани и културни работници; – поддршка на настани на спортски клубови и спортски манифестации; – одржување на семинари, работилници и активности на општинската администрација; – подготовка на...

Новогодишната елка на даски, плоштадот пак ќе се копа по празниците

Плоштад Македонија – најпрометното, но и едно од најреновираните места во градот. Простор каде што се одржале многу манифестации, собири, концерти, пречеци на спортисти, но и дочеци на Новата година. Воедно, ова место е омилено за локалните власти. Секој оној, кој што ќе седне на општинското столче ужива во креирањето планови за промена на неговиот изглед. Па така, за реконструкциите на плоштадот „Македонија“ во Скопје – за десет години се потрошија 5.5 милиони евра. Во септември годинава, четвртиот по ред „татко на градот“, Петре Шилегов, го најави уредувањето на плочникот, односно влезот на Градскиот трговски центар и скопскиот плоштад. Тогаш, на прес-конференција, тој изјави дека за реализацијата на овој проект од градскиот буџет ќе се потрошат 33,2 милиони денари, односно околу 540.000 евра. Со овој проект, тој нагласи дека ќе има целосно осовременување и целосен нов лик на овој...

Плоштадот „Македонија“ блесна во досега, најскапото новогодишно руво.

Градоначалникот Петре Шилегов, во петокот, го најави отворањето на Винтерленд 2020 година. Годинава за изработка и реализација на проектот за украсување и декорирање по повод Нова година, беа потрошени рекордни 285.886 евра, што претставува и најскапо новогодишно украсување досега. Како и изминативе неколку години, така и годинава, фирмата „Линк Медиа Плус“ го доби тендерот за украсување, чиј нарачател е Град Скопје.   Christmas InfographicInfogram

ОДРЕДЕНА КАЗНАТА ЗА ФИРМАТА „ЕКОЦЕНТАР 97“

Пишува: Љубица Иванова Одредена е казната за фирмата „Екоцентар 97“ заради хаваријата која се случи во почетокот на претходниот месец во фабриката „Охис“, каде заради несоодветното складирање од страна на фирмата истече опасен отпад. Од Министерство за животна средина велат дека казната е парична и изнесува 3 илјади евра. „За постапување по недолжно внимание, врз основа на Законот за управување со отпад чл.139, став 1 точка 3, во врска со чл.24 од Законот за управување со отпад, фирмата „Екоцентар 97“, ќе биде парично казнета“, вели за СКУП инспекторот Пејо Кировски. Тој вели дека добиени се резултати од мерењата од страна на АРМ, и нема некои надминувања на границите на емисии на загаденост на воздухот. Исто така од страна на лабораторијата на универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, се правени мерења, но Инспекторатот се уште не ги добил писмено официјално тие...

Оставете коментар

коментар(и)