Невладините бараат итен избор во државните институции

Десет мрежи на невладини организации, денеска, на прес конференција повикаа на итен избор и именување на кадри во повеќе институции и тела од страна на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Станува збор за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Дирекцијата за заштита на лични податоци, Агенција за слободен пристап до информации од јавен карактер, Државниот завод за ревизија, Програмскиот совет на Македонската радио телевизија, Советот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, Судскиот совет на Република Северна Македонија и надворешниот механизам за граѓанска контрола врз полицијата при Народниот правобранител. Јована Јовановска, претставничка од Мрежа за заштита од дискриминација вели дека особено се загрижени што се пролонгира процесот за избор на кадарот и членовите во овие тела и институции. Едно од телата е и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. „Составот на оваа комисија...

КАЗНА ЗА „ЕКОЦЕНТАР 97“, НО НЕ СЕ ЗНАЕ КАКВА

Автор: Љубица Иванова Директорот на Државен инспекторат за животна средина (ДИЖС), Фејзула Спахија, во телефонски разговор за СКУП ни откри дека следува казна за фирмата „Екоцентар 97“. „Санкции за Екоцентар 97 ќе има“, изјави тој. Најавената казна е заради хаваријата која се случи во почетокот на месецот фабриката „Охис“, каде заради несоодветното складирање од страна на фирмата истече опасен отпад. Имено, при миење на резервоар, во кој имало остатоци од опасни хемикалии се излеа вода и во близина на фабриката била почувствувана непријатна миризба. Овој настан крена многу прашина, при што граѓани, институции, фирми, еколошки активисти се кренаа на нозе и бараат одговори и одговорност. Резултати од мерењата и анализите се уште не се достапни за јавноста, но на самиот ден на инцидентот, граѓаните пријавуваа печење на очи, чешење, отежнато дишење. ПОВЕЌЕ НЕПРАВИЛНОСТИ ЗА КАЗНУВАЊЕ Директорот на ДИЖС, Спахија,...

Потпишан меморандум за соработка меѓу СКУП и ДКСК

Денеска во просториите на Државната комисија за спречувања и корупција беше потпишан меморандум помеѓу Државната комисија за спречување корупцијата и Центар за истражувачко новинарство СКУП – Македонија.  Меморандумот за соработка е потпишан со цел спроведување на активности заради воспоставување на активна соработка, размена на информации и креирање на заеднички и индивидуални активности и проекти, а во врска со транспарентноста и отчетноста на институциите како и носителите на јавни функции во државата. Во името на ДКСК, меморандумот го потпиша претседателката на комисијата Билјана Ивановска, а во името на СКУП, претседателот на организацијата, Зоран Иванов.

ПОВИК за доделување грантови на граѓански организации во рамки на проектот „Заедно во борба против корупција“ финансиран од Европската Унија

Центарот за истражувачко новинарство СКУП МАКЕДОНИЈА од Скопје во соработка со Институтот за човекови права (ИЧП) од Скопје и Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ од Гостивар, во рамките на заедничкиот проект „Заедно во борба против корупција“, финансиран од Европската Унија преку Програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и медиумите ИПА/2017/392-518, објавуваат повик за доделување на грантови за граѓански организации (ГО) за акции во рамки на грантова шема на односниот проект. Во рамките на овој повик ќе се доделат од 6 до 10 мали грантови со максимален износ од 12.500 евра по грант. Вкупниот износ на повикот е 124.666 евра.    Цел на повикот Целта на овој повик  е да се обезбеди поддршка за шест (6) до десет (10) граѓански организации на национално и на локално ниво кои работат во областите на сузбивање на корупцијата и подигање...

Повик за истражувачки стории

Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, заедно со партнерите Институт за човекови права и Медиум, во рамките на проектот „Заедно во борба против корупцијата“, поддржан од Европската Унија, објавува повик за изработка на новинарски текстови од жанрот на истражувачкото новинарство на тема БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА.  Следствено, истражувачките стории треба да опфатат една или повеќе области од следниве поттеми: Појавни облици на случаи на корупција (индиции за нерационално трошење на јавните пари, злоупотреба на службена должност, непотизам и клиентелизам); Институции и надлежни тела со мандат за сузбивање или превенција на корупција (покренати случаи од институциите, функционалност и успешност во справувањето со корупција како и отчетност на истите); Детектирање на коруптивни дејствија во постапки за отуѓување на градежно (изградено и неизградено) земјиште, приватизација и закуп на градежно земјиште, денационализација и експропријација. Буџетот со кој ќе располагаат избраните кандидати изнесува 1350 евра...

ВТОР МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО

Во рамките на проектот „Заедно во борба против корурпција” кој го спроведуваат СКУП како носител заедно со Институтот за човекови права (ИЧП) и Медиум, денес беше одржана прес-конференција за презентација на Вториот мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство на РСМ. На истата беше истакната потребата од поголема транспарентност на Државното правобранителство особено во оние случаи кои ги засегаат граѓаните, а кои произлегуваат од потребата за заштита на правата и интересите на РСМ. Воедно, беше потенцирана и неопходноста за воведување на електронски систем преку кој би можело да се следи движењето на предметите во Државните правобранителства и во која фаза на постапување се истите. Предмет на анализа беа и постапките за отуѓување на државен имот, денационализација и експропријација како и судските постапки во кои Државното правобранителство се јавува како застапник по закон на државните органи.

Оставете коментар

коментар(и)