Нов серијал на СКУП – ОДБЛИЗУ: Цената на загадувањето

Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија продолжува со серијалот ОДБЛИЗУ – серија на кратки документарни филмови, кои минатата година предизвикаа голем интерес во јавноста, особено првиот филм за стандардот на македонските студенти. Овој пат ОДБЛИЗУ се фокусира на најголемите загадувачи во државава. Станува збор за кратки филмови со исклучителен квалитет во кои, покрај самата истражувачка сторија, гледачите ќе имаат можност да уживаат и во специјалните ефекти на документарците. Гледајте нé наскоро!!!

Одговор на СКУП до Антикорупциска комисија

ДОКУМЕНТАЦИЈА Буџет на ДКСК за 2014 година (16 стр. означено со жолто) Буџет на ДКСК за 2016 година (16 стр. означено со жолто) Плати на вработените во ДКСК   Сакаме да нагласиме уште од самиот почеток дека Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, уште од самиот почеток на неговото функционирање, се води од строги принципи кои подразбираат документирано новинарство. Ниту имаме за цел некого лично да дискредитираме, ниту пак да создаваме погрешна перцепција за одредена институција. Нашата цел е иста како и вашата: транспарентност, отчетност и борба против корупцијата. Во ова мисија ние баравме (и се уште бараме) искрена соработка од вас како Комисија, во однос на објавување на податоци кои треба да се јавни во секоја нормална демократска земја. СКУП е новинарска организација и како алатка во ова мисија ни е истражувачкото новинарство, поткрепено врз документи и докази. Вие...

СКУП-Македонија-добитник на втора награда за сторијата ,,Македонските студенти со најлош страндард на Балканот”

Новинарката на Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, Ангела Рајчевска е добитник на втората награда ,,Jan Briza“ на овогодинешното издание на Меѓународниот фестивал на кратки радио и телевизиски прилози и печатени, односно онлајн истражувачки текстови под назив ,,On the Record”, кој се одржа од 26 до 28 мај 2016 година во Нови Сад. Рајчевска е наградена во категоријата печатени односни онлајн истражувачки текстови за сторијата ,,Македонските студенти со најлош страндард на Балканот”. Покрај Рајчевска, автори на сторијата се и Горан Лефков и Дана Ламбевска од СКУП-Македонија.

Македонија најскапа во Европа за добивање документи

Македонија е на прво место по трошоците за добивање на дата базата на сите фирми во земјава. Ова го покажа двегодишното истражување “Не е твоја работа“ на невладината организација „Аксес Инфо Еуроп“ и на Проектот за организиран криминал и корупција, кој беше објавен деновиве, а во кое учествуваше и Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија. Од вкупно 32 земји во Европа, во најголем број земји (24) за да се добие дата-базата на целиот регистар на компании за тоа мора да се плати. Трошоците за целиот регистар на компании се движи од 75000 евра во Холандија, 286.000 евра во Естонија па се до 380.355 евра во Македонија, каде трошоците според истражувањето се и најголеми. Бесплатна дата-база за сите компании може да се симне од Данскиот регистар, но за тоа потребно е да имате дански лични документи, што значи дата-базата е недостапна...

СКУП ја освои третата награда „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство

Тимот новинари-истражувачи на БИРН Македонија го освои првото место на годинешниот конкурс на МИМ за новинарската награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија. Победничката сторија на тема „Скопје 2014 под лупа“ е наградена за серијалот текстови и интерактивната онлјан база на податоци, кои го обелоденуваат трошењето на народните пари за контраверзниот проект „Скопје 2014“. Втората награда ја доби новинарката Билјана Николовска за документарниот филм „Кога здравствениот систем убива дете“, објавен на ТВ Телма, кој претставува филмувана верзија на серијалот ТВ-прилози за случајот со малата Тамара Димовска, девојчето кое беше болно од сколиоза, а почина чекајќи ги институциите да и’ одобрат лекување во странство. Фотогалерија Третата наградата ја делат новинарот Џелал Незири од СКУП Македонија за сторијата „Во токсичното кралство на Југохром“ и новинарите Горан Ризаов, Сашка Цветковска и Борјан Јовановски за серијалот текстови за „Аферата Телеком“, објавени на веб-страницата...

Незири: За истражувачко новинарство потребна е добра финансиска кондиција на медиумот и слобода за истражување

Пишува: Ана Анастасовска (Оригинално објавено на сајтот на Проферка на факти на 26.11.2015)   Што претставува СКУП Македонија и од каде идејата за негово формирање? Незири: СКУП, како проект, датира од 2006 година. Нејзината мисија беше промовирање и поддржување на истражувачкото новинарство во балканските земји, како и поттикнување на прекуграничната соработка на новинарите во овој регион на непријателства и на нетрпеливост помеѓу државите. Овој проект беше спроведен од данското здружение за истражувачко новинарство, додека основачите на СКУП беа координатори за Македонија. По пет години проектот престана да биде финансиран, со што новинарите во земјите на Балканот останаа без една значајна фондација за поддршка за нивната истражувачка работа. За жал, фондовите престанаа и во Македонија, во момент кога земјата бележеше огромен пад во однос на медиумските слободи. Освен ова, проектот СКУП во Македонија беше прилично успешен, при што беа поддржани...

Оставете коментар

коментар(и)