Системот на ДКСК по грешка пратеникот Стојаноски го направи милионер

Грешка во софтверот на на ДКСК направи замена на имотните листови на неколку функционери. Дел од нив се и пратеници. Од ДКСК најавуваат грешки и во иднина кај одредени профили на функционери во нивната база Пишува: Кристијан Трајчов Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) со погрешни податоци го пополни профилот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, со што му нанесе штета на угледот. Центарот за истражувачко новинарство СКУП...

Министрите на Мицковски во недвижности тежат над четири и пол милиони евра

Министерката за енергетика Сања Божиновска поседува четири стана во странство од кои два во Шпанија, еден во Португалија и еден во Србија. Министерот Љутков има стан во Банско, Бугарија, додека 4 министри не пријавиле живеалишта воопшто Пишува: Кристијан Трајчов Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска има најмногу пари врзани во недвижности. Таа пријавила живеалишта вредни над 1 милион евра. Таа поседува два стана во Центар, едниот...

Четворица пратеници не пријавиле имотни листови

Двајца пратеници се од Левица, еден од ВМРО-ДПМНЕ и еден од ВЛЕН Пишува: Кристијан Трајчов Четворица пратеници од македонското Собрание ги немаат пријавено своите имотни листови иако при стапување на функција е законски да го сторат тоа во рок од 30 дена. Пратениците кои не пријавиле имот се: 1. Аднан Азизи – ВЛЕН 2. Амар Мециновиќ – Левица 3. Душко Иванов – ВМРО-ДПМНЕ 4. Јована Мојсоска – Левица СКУП...

Мицкоски зема двојно поголема плата од српскиот премиер Вучевиќ

Христијан Мицкоски е втор најплатен премиер во Западен Балкан. Со покачувањето на платите на функционерите за 70%, повеќе плата од него зема само албанскиот премиер Еди Рама Пишува: Кристијан Трајчов Премиерот на Албанија Еди Рама зема месечна плата од дури 3600 евра, додека просечната е 670 евра, што значи платен е повеќе од петпати од просекот.Тој веќе 11 години е премиер на Албанија и е водач на Социјалистичката партија...

Министрите на Мицкоски меѓу најплатените на Балканот

Шест Македонци треба да работат за минимална плата, за да ја достигнат сумата што ја зема еден министер на Мицкоски. За разлика од нас, само 34 Срби, заработуваат една плата на Министрите на Ана Брнабиќ. Пишува: Кристијан Трајчов Најлошо поминуваат Бугарите. Дури 9,2 Бугари треба да работат за минималец за да ја достигнат министерската плата. Под нив се, минимално платените работници од Босна и Херцеговина каде 8,2 работници заработуваат...

Венко Филипче заборавил да ја пријави бугарската фирма

Филипче има зголемување на имотот од 160.000 евра за само две години. На заминување од функцијата министер за здравство, на крајот на 2021 година, Филипче тежел 690 илјади евра. Денес како пратеник на СДСМ тежи 850.000 евра без целосна вредност на пријавениот имот. Пишува: Кристијан Трајчов Пратеникот Венко Филипче и нов претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред една недела пријавил промена во неговиот имот. Промената се совпаѓа со објавата на Исртажувачката...

Новата Влада „тежи“ над 3,6 милиони евра – премиерот Мицкоски пријавил скапи часовници, министерот Таравари единствен милионер

Изработил: ТИМ на СКУП – Македонија Новата Влада на Република С. Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски брои вкупно 24 члена и 20 министерски места. Покрај премиерот, има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив е прв вицепремиер. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата „Вреди“ и двајца од Движењето ЗНАМ за наша Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски е...

„Шестка“ тежи над 5 милиони евра –Милионерот Тачи вреди колку цело „Вреди“

Центарот за истражувачко новинарство „СКУП – Македонија“ во рамки на проектот „ПЕП“ ги анализираше податоците од имотните листови на новоизбраните пратеници во македонското Собрание од шесттата изборна единица. Изработил: ТИМ на СКУП – Македонија Шесттата и последна изборна единица како и претходните ја сочинуваат дваесет пратенички мандати, од кои по осум пратенички столчиња се резервирани за Европскиот фронт на ДУИ и коалицијата „Вреди“, потоа тројца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со...