За една деценија Македонија изгубила речиси 6.000 студенти – одливот е поизразен кај машките студенти
Република Северна Македонија во последните десет академски години бележи значително намалување на бројот на запишани студенти, при што падот е многу поизразен кај машката студентска популација. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика – МАКСтат, бројот на студенти на прв циклус студии се намалил од 59.359 во академската 2014/2015 година на 53.535 во 2024/2025 година, што претставува намалување од 5.824 студенти, односно 9,8 проценти. Во споредба со претходната... 










