
Финансиите на партиите се под лупа на институциите, но не толку колку нивниот имот, кој би требало да биде на увид на јавноста, коментираат експерти по објавената сторија на СКУП-Македонија, каде детално ги објавивме имотните листови на четирите најголеми партии. Иако од партиите тврдат дека тие редовно прават попис и овие документи ги доставуваат до државните институции, сепак, на нивните веб страници не можат да се видат ниту годишните финансиски извештаи, а камоли тоа што поседуваат. Дури и од Државниот завод за ревизија велат дека имотот на партиите е спомнат само попатно во извештаите, но нивниот фокус е на финансиите кои легнуваат на партиските сметки. Ако се погледнат финансиските извештаи за партиите кои ги изработува Државниот завод за ревизија, имотот на партиите е спомнат само попатно и тоа само во случаи кога ревизорите констатирале одредени состојби. На пример, во...