НА ПОВИДОК НОВИ МЕДИУМСКИ ГРУПИРАЊА?!

Автор: Горазд Чомовски   Политичката битка помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и екс-лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски во 2011 година заврши со клуч на врата за А1 телевизија. Настрадаа и весниците кои се издаваа од ова медиумска групација, додека сопственикот заврши во затвор поради затајување данок. Овие медиуми беа квалификувани како про – опозициски поради критичкиот однос кон власта. Иста судбина имаа и неколку останати медиуми, кои не фигурираа на листата на корисници на владините реклами. Политичката криза која се уште трае, пак, ги погоди про-владините медиуми. Потреси почувствуваа медиумите на МПМ – Дневник, Вест и Утрински весник, додека сопственикот на ТВ Нова е надвор од државата по одредувањето на притвор како првоосомничен во предметот „Труст“, според кој СЈО го товари дека со лажна документација добил тендер од ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра. Превирања, смени на уредници и...

ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ГО ПОТРЕСЕ И БИЗНИСОТ – СТРАВ, ПОВЛЕКУВАЊА И ПРЕНОС НА КАПИТАЛ

Автор: Горазд Чомовски   Појавувањето на ТВ Нова на медиумскиот пазар во 2015 година предизвика големо внимание во јавноста. Во истата година, сопственикот на овој медиум, Сеад Кочан, преку неговата фирма „Трансмет“ имаше склучено договори за градежни работи со државни фирми во износ од 3,2 милиони евра. Растот на неговите бизниси беше брз, успех кој експертите го препишуваа на неговата блискост до власта. Во една од прислушкуваните материјали, кои ги објави опозицијата, од страна на екс-премиерот Никола Груевски беше спомнато и неговото име. Во разговор со поранешниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски, Груевски ургира да му се заврши работа на бизнисменот кого го именува како „тој што има Сеад Ибиза“. Ова беше доволно за Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да покрене нов случај, кој го наслови како „Труст“, во кој Кочан како сопственик на „Трансмет“, заедно со овластениот потписник на...

„КОЗО, ОВЦО, МАЈМУН, ЃУБРЕ“ – ЗБОРОВИ ТЕШКИ И ПО 10.000 ЕВРА

Автори: Даниела Трпчевска, новинар уредник                      Бјанка Станковиќ, новинар репортер Седумдесет илјади денари отштета добила навредена граѓанка од Куманово која пред неколку години одлучила да поднела тужба против маркетот во кој пазарува, како и против лице од обезбедувањето. Настанот се случил на 3 мај 2012 година, во попладневните часови, кога таа пазарела во маркетот и купената роба ја платила на каса. Но, кога се доближила до излезната врата на маркетот, се огласил алармот. Лицето од обезбедувањето се доближило до неа и на „нељубезен и неучтив тон“ и се обратило со зборовите „го фативме крадецот“. На касата била извршена проверка и утврдено дека жената има фискална сметка за сите производи кои што ги зела. Но, и при вториот обид да замине од маркетот, алармниот систем повторно се огласил. Следела нова проверка, по што и било дозволено да си замине со...

СКУП истражува: Што „набилдаа“ функционерите во изминативе 10 години?

автор: Горазд Чомовски   Скромен, насмеан и “народен” човек. Вака повеќето граѓани го опишуваа премиерот со најдолг стаж во поновата историја на Македонија во не толку далечната 2006 година кога запливуваше во политичките води. Но, од тогаш до денес не само што имаше турбуленции во политичка кариера на сега веќе екс-премиерот Никола Груевски, туку и во неговите банкарски сметки, за кои прашање е колку би се поистоветиле со описот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во кој многумина гледаа надеж за посветла иднина.   КАКО „СЕ МНОЖЕЛЕ“ ПАРИТЕ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ?   (кликни на сликата за повеќе детали) Data from scoop.silk.co   Од “скромните” 40-тина илјади евра во не толку далечната 2006 година па до денес неговиот имот се зголемил најмалку пет пати бидејќи сега на неговото салдо кое се мери на над 30-тина сметки, картички и депозити има над 222.000 евра...

СКУП истражува: Хаос со службените возила – не се знае кој и каде ги вози

автори: Бјанка Станковиќ Ангела Петровска Ангела Рајчевска   Сликите со скапи и луксузни возила од кои излегуваат натокмените функционери можеби до скоро граѓаните ги замислуваа како сцена од некој филм, но во последно време тоа стана стварност и на овие простори. Да не се случеше епизодата со прочуениот службен џип со кој поранешниот заменик министер за труд и социјала Диме Спасов се „прослави“ неславно во медиумите дека учествувал во две сообраќајни несреќи кој знае кога во јавноста ќе се отвореше прашањето какви возила имаат министерствата и воопшто јавните институции, кој ги вози и дали некој сноси одговорност за нив? СКУП направи поопсежно истражување за возните паркови на институциите и откри фрапантни податоци: дури 27 службени возила на Министерството за труд и социјална политика не се пронајдени на службениот паркинг на министерството за време на вонредниот попис направен на 12...

НА САМО ЕДЕН ПОЛИТИЧАР МУ Е КОНФИСКУВАН ИМОТОТ

Автор: Горазд Чомовски   Излегувајќи од еден елитен ресторан во Скопје, лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски беше спектакуларено приведен од страна на полициските специјални сили. Ден по предвремените парламентарни избори во 2011 година, тој имал средба со човек, за кој се мисли дека му ја дал хартиената торба во која имало 100 илјади евра. „Ме наместија“, извика бившиот министер за внатрешни работи Бошковски, додека претставници на полицијата му ги ставаа лисиците.  Тој беше осуден за кривичното дело „злоупотреба на службената положба“, при што доби казна затвор во траење од 7 години. Со ова, Бошковски стана единствениот политичар во Република Македонија кој одлежа казна затвор за незаконско финансирање на предизборната кампања. Со тоа што му биле одземени и парите кои ги носел во хартиената торба, тој истовремено стана и единствен политичар на кој му е одземен незаконски стекнат...

Оставете коментар

коментар(и)