И загадуваат, и ги плаќаме: Од малите хидроелектрани ќар имаат само сопствениците

Автор: Линда Адеми Иако прогласена за Национален парк, Шар Планина сè уште не е доволно заштитено подрачје. Причина – бројот на мали хидроелектрани, кои постепено ги уништуваат реките и ја загадуваат водата за пиење. Овие мали хидроцентрали се субвенционирани од државата, иако нивниот придонес во националниот енергетски систем е незначаен. Според податоците кои ги доби СКУП, овие хидроелектрани произведуваат само 4,6 отсто од вкупното производство на електрична енергија, но, од друга страна, од државниот буџет секоја година во просек добиваат по 9 милиони евра. Овие средства се собираат од граѓаните преку сметките кои ги плаќаат за струја. Поточно, околу 6 проценти од сите тие сметки кои ги плаќаат граѓаните одат за субвенционирање на обновливи извори на енергија. Од 2010 година до ноември 2020 година, од буџетски пари, на сметките на компаниите кои поседуваат мали хидроелектрани се одлеале над 90...

Скопје руши рекорди во загадување, економско загревање по цена на загаден воздух

Дана Ламбевска И покрај најавените мерки за намалување на аерозагадувањето, Скопје и натаму руши рекорди во регионот. Во ноември Скопје стана познат како еден од десетте најзагадени градови во светот, а државава се рангираше на 34-тото место на листата на најзагадени земји во светот за периодот од 2018 до 2021 година. Скоро и да нема ден кога во државава нема евидентирано зголемен степен на загадување, иако во претходниот период беа најавени низа мерки за субвенционирање со обновливи извори на енергија, клими, субвенции за греење на пелети…Се субвенционираше купување на инвертори за загревање, користење на соларни панели, се даваа субвенции за велосипеди, тротинети.  Но, со почеток на енергетската криза сето ова падна во вода. Борбата за енергенси ја засени битката против аерозагадувањето. Мерењата покажуваат дека вредностите посебно во однос на штетните ПМ 10 и ПМ 2.5 честички се намалени во однос на...

Mакедонија изгубила скоро 5,5 отсто од шумскиот фонд

Последните 7 години се инвестирани околу половина милион евра во заштита на шумите во Македонија. Ако се спореди со дивата сеча и продажба на дрва во земјава која според експертите се цени на 140 милиони евра годишно. А, само мината и предмината година, штетите од пожарите надминаа 60 милиони евра. Според Државниот завод за статистика во 2020 и 2019 година воопшто не се инвестирани средства во заштита на шумскиот фонд во државава, додека најмногу финансии во инвестиции и трошоци за заштита на шумите биле вложени во 2015 година, 193.000 евра и 2018 година, кога севкупните инвестиции за пошумување биле 176.000 евра Шумите покриваат околу 38.5% (988.835 ha) од површината на земјата, каде доминираат листопадните шумски видови (58%), потоа мешаните шуми (30 %), па иглолисните (7%), а најмалку присутни се деградираните шуми (5%). Околу 90% од шумите се во државна...

„ШИРОК КОНСЕНЗСУС“ ЗА ЗАГАДУВАЊЕ НА КОЧАНИ: ПРОФИТОТ ПОВАЖЕН ОД ЗДРАВЈЕТО

Пишува: Горан Лефков Кочани до скоро важеше за најчиста урбана средина во Македонија. Со околу 30 илјади жители, градот лежи на Кочанското поле, познато по квалитетниот ориз и термалните води. Овој град од источна Македонија беше синоним на здравата средина, чистиот воздух и бистрата вода. Се се смени кога во 2016 година повторно почна да работи фабриката за хартија „Пејпер Мил“. Од тој ден градот е претворен во депонија за хартија. Загадувањето од е енормно, а тоа го покажуваат и резултатите од анализите, до кои дојде СКУП. ДОЗВОЛЕНО Е ДО 500, А НИВОТО НА ЈАГЛЕН МОНОКСИД ДОСТИГНУВА И ДО 1.5000 Вредности од 600 до 15.000 милиграми на Јаглерод моноксид е маргината во која се движи мерењата од различни акредитирани лаборатории во Македонија и Бугарија. Иако според А- интегрираната еколошка дозвола овие вредности не смеат да надминат 500 милиграми Јаглерод...

КОВИД 19 – МЕЃУ ВАКСЕРИТЕ И АНТИВАКСЕРИТЕ

Останува фактот дека гледано цивилизациски и посебно историски како човештвото досега се справувало со разно разни вируси, епидемии и пандемии, токму науката преку вакцините била таа која спасувала милиони животи од невидливите микроскопски убијци. Во светот досега се употребени повеќе од осум милијарди дози вакцини Освен полните болници и досега над осумте илјади починати, пандемијата од вирусот Ковид-19 предизвика уште една поделба во општеството. Од една страна се поддржувачите на вакцините, од спротивната – антиваксерите, односно лиѓето кои се противат на задолжителното вакцинирање или воопштои на вакцинирањето од вирусот. Првите им веруваат на науката и на институциите кои се повикуваат на науката и главно на светската наука. Другите се скептици, а меѓу нив има, ако може дака да се каѓе повеќе поттипови. Од оние кои воопшто не веруваат дека вирусот постопи, преку другите кои веруваат дека вирусот е вештачки...

ГИ ПЛАЌАМЕ ЗА ДА НЕ` ЛАЖАТ

Неколку милиони евра пред секои избори, било парламентарни било локални, во последниве години се слеваат во партиските каси за потребите на нивните изборни кампањи. Не партиски, не донации, туку чисти буџетски народни пари, пари на македонските даночни обврзници. Институциите молчат зашто ним им е поважна сервилноста спрема партиите отколлку спрема граѓаните. Дека политичките партии се генератор на могу неповолни ситуации во регулирање на државните и на општетсвените процеси се суди најчесто и преку реакциите на граѓаните. Испитувањата на јавното мислење во континуитет, а последниве години и реакциите преку социјалните мрежи потврдуваат дека македонските политички партии шрво се грижат за себе како мпо секоја цена да дојдат до власт или како да се прикачат на поголемите парртиски субјекти преку нив и тиое да бидат во власта. Очигледно привилегиите што таа ги  пружа се основниот мотив некои граѓани да се решат...

Оставете коментар

коментар(и)