
Вештачката интелигенција не треба да се сфаќа ниту како закана, ниту како апсолутно решение за предизвиците во медиумската сфера, туку како технологија што бара критичко разбирање, институционална одговорност и етичка зрелост. Ова е една од главните пораки на прирачникот „Етичка и професионална употреба на вештачка интелигенција во новинарството“, подготвен од Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија. Прирачникот укажува дека само преку јасни правила, транспарентни политики и развој на дигиталната и медиумската писменост, вештачката интелигенција може да стане алатка што ќе придонесе за поинформирано, поправедно и поинклузивно општество. Публикацијата е наменета за новинари, медиумски работници, истражувачи, студенти, институции, како и за сите што сакаат подобро да ги разберат етичките, правните и општествените аспекти на употребата на вештачката интелигенција. Посебен акцент е ставен на професионалната и одговорна примена на генеративните ВИ-алатки во новинарството, во период кога тие сè повеќе се користат...