
Северна Македонија во јули ја посетиле 223.711 туристи, за 6,6 отсто повеќе отколку во истиот месец минатата година, додека бројот на ноќевања пораснал за 3,2 отсто на 795.083, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Растот во најсилниот летен месец го поттикнале и домашните и странските гости. Бројот на домашни туристи се зголемил за 8,9 отсто, на 96.293, додека странските туристи пораснале за 4,9 отсто, на 127.418. Странците сочинувале 57 отсто од сите туристи во јули, а домашните гости 43 отсто. Но, кога се гледаат ноќевањата, сликата е обратна. Домашните туристи оствариле 534.381 ноќевање, или 67,2 отсто од вкупниот број, додека странските гости имале 260.702 ноќевања, односно 32,8 отсто. Најголем број странски туристи во јули пристигнале од Турција – 50.955, што претставува околу 40 отсто од сите странски туристи во земјата во тој месец. На второ место е Србија...