Неопходна е измена во именувањето на членовите од управните и надзорните одбори

Државата на годишно ниво троши околу два милиони евра за надоместоци на членовите на управните и надзорните одбори. Ова го утврди анализата на именувани и избрани лица во Р.Македонија која ја направи Центарот за управување со промени во рамките на проектот „Следење на административна правда“ „Сакавме да отвориме дебата за начинот и критериумот на кој овие лица се избираат и се именуваат во јавната администрација. Податоците кои што ги добивме укажуваат на тоа дека критериумите се прилично слаби и некаде недоволно прецизирани и дека во принцип овие лица се именувани како политички функции во државата“ вели Неда Малеска Сачмароска, извршен директор на Центарот за управување со промени. Истражувањето покажува дека 505 институции во јавниот сектор имаат вакви тела на раководење и управување, а вкупниот број на именувани и избрани лица изнесува 12.275. „Анализата е опсежна, детална и апсолутно се...

Граѓанското општество – мост за соработка со дијаспората

Институционалната поставеност на државата за соработка на дијаспората, идните предизвици и градење на нови модели на соработка помеѓу државата и граѓанскиот сектор, денес, беа главна тема на јавната трибина која ја оддржа Центарот за информативна и логистичка поддршка на граѓаните НОВ КОНТАКТ – МАКЕДОНИЈА. На трибината за улогата на граѓанските огранизации од РМ, иселеничките огранизации и организациите на македонското малцинствто во соседните земји, дискутираа Едмонд Адеми – министер за дијаспора, Александар Кржаловски – Македонски центар за меѓународна соработка, Никола Шалваринов – Агенција за иселеништво на РМ, Вероника Томова – Обединета македонска дијаспора- САД, Исмет Балажи – Центар за развој на заедницата- Кичево. Целта на овој настан беше зајакнување на врската со македонската дијаспора, како и развивање на проекти за поддршка на културните, традиционалните, историските вредности, зајакнување на комуникацијата и развојот на демократските опшествени вредности. Настанот се оддржа во хотелот Континентал...

Свиркачите Лазаревски и Костовски добија светски награди

„Обезбедивме материјални докази дека корупцијата беше главниот извор на моќ за автократите. Повеќе корупција, поголема политичка моќ. Тоа беше формулата. Можевме да ја земеме слатка капсула која ќе ни ги затвори устите или горчлива пилула која може да не убие и нас и општеството. Убеден сум дека го направивме вистинскиот избор“, рече Ѓорѓи Лазаревски, еден од свиркачите кои го обелоденија скандалот со нелегалните прислушувања во Македонија, на одбележувањето на Меѓународниот ден на свиркачите 23 март, кој викендов се одржа во Приштина. На настанот, поранешните вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање, Лазаревски и неговиот колега Звонко Костовски добија „Награда за слобода на говорот“ од Коалицијата на свиркачи во Југоисточна Европа. „Среќен сум што сега луѓето зборуваат гласно и реагираат на секој обид да бидат излажани или манипулирани. Верувам дека нема власт која ќе ги игнорира или замолчи граѓаните во...

Новинарска работилница: Судовите да се отворат за јавноста

Новинарите се експоненти на јавноста, неа и служат и работат само во нејзин интерес, а јавноста има право да знае. Ова синтагма доминираше и во анализите на новинарската работилница посветена на судската практика и на отвореноста на судовите за медиумите. Во дебатата учествуваа новинари од повеќе телевизиски и портал редакции и адвокати. Во отсуство на претставници од судовите, организаторите, Здружението на новинарите на Македонија, порталот за судска практика „Сведок“ и невладината „Коалиција за праведно судење“, презентираа свои искуства од следењето на работата на македонските судови и на судските процеси. Побарано е судовите да бидат пофлексибилни спрема новинарите, своеволно да не ја ограничуваат работата на медиумите и со неаргументирани изговори да не ги затвораат рочиштата за јавноста, особено оние за кои владее нагласен интерес. Драган Секуловски, директорот на ЗНМ: „Слободата на информирање е неприкосновено право и таа обврска важи и...

Започна 10-тата Светска конференција за истражувачко новинарство

Завчера е отворена 10-тата светска конференција за истражувачко новинарство во Јоханесбург, Јужна Африка. Повеќе од 1.200 истражувачки новинари, професори, научници поврзани со новинарството од селиот свет, ќе присуствуваат на овогодинешната конференција. Во просториите на „Виц“ универзитетот од Јоханесбург ќе бидат претставени најновите достигнувања, техники и начини на истражување кои ги применувале новинарите од целиот свет. На оваа конференција ќе биде претставена работата на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија. Конференцијата ќе трае до 19 ноември. Претходната конференција се одржа пред две години во Рио Де Женеиро во Бразил.

Оставете коментар

коментар(и)