
Во рамките на Акцискиот грант од Цивика Мобилитас, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) воспостави четири локални мрежи за застапување на мултикултурни политики. Во Гостивар, Брвеница, Врапчиште и Тетово се воспоставени мрежи сочинети од претставници на локални граѓански организации и неформални групи, локални институции и Комисија за односи меѓу заедниците (КОМЗ). Целта на мрежите е преку неформално здружување да се дискутираат и иницираат промени кои се однесуваат на мултикултурниот соживот во заедницата. АДИ изработи и Индекс на мултикултурализам, каде преку мултикултурен профил на општините, се анализирани четири клучни сфери: локална самоуправа и пристап до јавни услуги, интеграција и градење интеркултурни компетенции во рамки на образовниот систем, култура, граѓанско општество и социјална кохезија. Секоја од општините вклучена во акцијата во рамките на Индексот доби свој профил, каде се наведени посилните страни и областите каде што има простор за подобрување. Подготвени се...