Отворен Истражувачкиот филмски фестивал во Скопје

Документарниот филм „Дрисла: Не смрди само ѓубрето“ во продукција на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија ќе се емитува денеска, со почеток во 17.30 часот во Кино Култура во Скопје. Филмот се емитува во рамките на Истражувачкиот филмски фестивал, кој е во организација на Платформата за истражувачкото новинарство и анализи и партнерите ФЕС, а се одржува втора година по ред. На фестивалот ќе се прикажуваат и други документарни странски и домашни филмови, а присутните ќе имаат можност и да учествуваат и на серијата дебати и работилници на различни теми поврзани со новинарството на кои ќе учествуваат домашни и странски гости. Фестивалот беше отворен вчера, а ќе трае три дена. За второто издание на Истражувачкиот филмски фестивал –Скопје ќе ја разгледува темата за ,,Лажни вести”. ,,Мислам дека е многу  важно да имаме  време и простор  во кој што малку ќе...

Телма и Алсат најхрабро против корупцијата

Ова го покажа истражувањето чии резултати беа соопштени денеска во ЕУ Инфо центарот како дел од проектот „Заедно во борба против корупцијата“ кој го реализираа Центар за истражувачко новинарство „СКУП – Македонија“,  Институтот за човекови права и „Медиум“ – центар за развој на локални телевизии. Мониторингот е составен од квантитативна и квалитативна анализа која покажа колкав простор отстапуваат медиумите за теми поврзани со корупција, како новинарите известуваат за истите и како се третираат овие теми. Следени се централните вести на пет национални телевизии: Телма, Алсат, МТВ1, МТВ2 и Сител во период од 90 дена, од 13 април до 13 јули 2018 година. Анализирани се 406 прилози. „Резултатите од истражувањето покажуваат дека телевизиите „Телма“ и Алсат М освен што најчесто објавуваат прилози поврзани со корупција, истите траат најдолго и во нив се вклучени три или повеќе извори. Тоа не е...

Нахрани 10.000

Десет градови во Македонија денеска за прв пат ќе земат учество во националната хуманитарната акција  за собирање на храна „Нахрани 10.000“. Акцијата е во организација на мрежата „Сите сити“,  а е подржана од граѓанската иницијатава „Мрдни со прст“. Творец на истата е  Асоцијацијата „Ајде Македонија“. Сите граѓани кои сакаат да донираат храна и да им помогнат на оние на кои им е најпотребно ќе имаат можност тоа да го направат на денешниот настан кој ќе започне во 10 часот и ќе трае до 19 часот. – Инспирарани од минатогодишниот настан „Нахрани 1.000“ кој го организиравме само во главниот град со пет организации решивме годинава за прв пат да го направиме со овој концепт и со оваа големина  планираме само да го унапредуваме  секој нареден месец – вели Блаже Јосифовски, од асоцијацијата „Ајде Македонијо“. Семејствата на кои ќе им биде...

Оглас за ангажман на двајца млади новинари-истражувачи

Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија има потреба од ангажирање на двајца млади новинари кои имаат амбиција да се занимаваат со истражувачко новинарство. Кандидатите треба да се на возраст до 25 години, да студираат или да дипломирале новинарство или да имаат новинарско искуство. Потребно е да бидат енергични, посветени на долгиот и често тежок процес на истражување, комуникативни и секогаш подготвени за тимска работа. Заинтересираните кандидати треба да пратат CV и мотивациско писмо на scoop.macedonia@gmail.com. Кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју. Огласот трае седум дена, односно до 10 септември 2018 година.

Претставен инструментот за влијание на граѓанските организации

„Преку примена на овој инструмент, организациите ќе можат да го видат својот удел во општествените промени. Ова за во иднина ќе ни даде основа за, информации и знаења коja ќе ги насочии во кој сегмет би требало да направат промени во своето работење, а во исто време ќе ги покаже тие силни страни кои што секако треба во иднина исто така да бидат зајакнувани.“ – изјави Климентина Илијевски, извршна директорка на асоцијацијата за истражувања, публикации и развој „Паблик“ Илијевски вели доколку се гледа каква е перцепцијата на граѓаните во однос на тоа како делува граѓанскиот сектор во земјава и она што реално е постигнато на терен може да се забележи силна дескрепанца, односно тие не ги препознаватт промените кои што се направени од страна на граѓанските организации, меѓутоа може да ја видат сликата, крајниот производ на она што се...

Општина Велес лидер во услугите кон граѓаните во Вардарскиот регион

Општина Велес е лидер според приманите и процесираните барања во Вардарскиот регион се наведува во најновото истражување спроведено од неколку невладини организации предводени од Центарот за управување со промени. Првото место за Велес доаѓа откако беше лидер во воведувањето на информативниот центар за управување со документи и меѓу првите според Исо стандардот. Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски делумно е задоволен од овие резултати, и потенцираше дека се соочува со сериозни проблеми и предизвици. „Без одлучна и квалитетна администрација нема напредок во општината. Ние сме премногу исполитизирано општество, кои општината ја гледаат како место за вработување на партиските војници и пумпање на пари од неа. Се додека гледаме така на локалната самоуправа сме далеку од Европската Унија“, смета Коцевски. Тој додава дека тешко му оди да ги убеди и неговите членови во партијата да ги сменат ставовите за општината и...

Оставете коментар

коментар(и)