
“Од вкупно 1902 напишани вести, 955 биле превземени вести, додека 947 – оригинални. Овој податок дава до знаење дека во Македонија има голем проблем со оригиналноста на содржините кои се пласираат во јавноста”, истакна новинарот Џелал Незири, презентирајќи ги резултатите од анализата на 15 македонски медиуми на вчерашната Обука за организациско и професионално јакнење на веб порталите од Североисточниот регион на Македонија која се одржа во ГЕМ клубот во Скопје. Анализата, која траела една недела е спроведена од Центарот за развој на медиумите “Медиум”, а податоците кои се добиени, според организаторите, укажуваат на еден сериозен проблем со кој се соочува македонското веб новинарство. Незири потенцираше: “Од овие 947 оригинални содржини, пак, веродостојни биле 943, додека 4 спаѓаат под лажни вести. Ова и не е така загрижувачки податок, но мора да се земе предвид фактот дека истражувањето е спроведено надвор...