Истражувачки филмски фестивал кој ,,свирна” во темнината

Фестивалот беше организиран од организацијата Платформата за истражувачко новинарство и анализи ПИНА која се залага за промоција и зајакнување на истражувачкото новинарство и професионалноста во медиумската средина во Македонија. ,,Нашите очекувања се дека овој фестивал ќе придонесе да се подобри  состојбата во истражувачкото новинарство во Македонија. Да се подобри општо состојбата на новинарите и медиумите и ќе претставува еден вид мост помеѓу нашата медиумска сцена и медиумската сцена во Европа, регионот, САД итн.” – изјави Кристина Озимец, претседателка на ПИНА Дебата: ,,Укажувчи” таjни играчи кои можат да ја променат историјата Модератор – Сашка Цветковска Говорници: Павлина Зефиќ, Денис Ампев, Беноа Бринже, Алесија Черантола, Бети Медсгер од САД и Ѓорѓи Лазаревски. Се дебатираше кои се мотивите и поттикот зад одлуката да се стане укажувач, дали да се премолчи или да се укаже. На оваа тема, Ѓорѓи Лазаревски, го сподели своето...

„Скопје го стигна Пекинг“ прикажан на првиот Истражувачки филмски фестивал во Скопје

Документарецот на СКУП „Скопје го стигна Пекинг“ викендов беше прикажан на првиот Истражувачки Филмски фестивал во Кино Култура во Скопје. Покрај овој филм на тема загадувањето на воздухот во Скопје, беше прикажан и македонскиот „Црни бели дробови“ во продукција на Кадар. По прикажувањето на филмските проекции, се обратија авторите на овие краткометражни документарни филмови. Посетителите имаа можност да учествуваат во дебати, работилници и дискусии фокусирани на истражувачкото новинарство, Фестивалот го огранизираше Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА, а истиот се оддржа од 3-ти до 5-ти ноември во Кино Култура, Скопје. ИФФС беше затворен со документарниот филм „Пајаковата мрежа: Второто кралство на Велика Британија“.

Мултикултурата и граѓанските движења се предизвици за градење хармонично општество

Нема состојба во државава што не може да се реши со добра човечка волја и со граѓански активизам каков што развива и Женското лоби“, рече авторката Лилјана Поповска денеска во скопскиот хотел „Холидеј ин“ на промоцијата на својата публикација „Мултикултурни поврзувања во граѓанскиот сектор во Република Македонија – влијание врз јавните политики и социјалната кохезија“. Издавач на трудот е Македонскиот центар за меѓународна соработка, издавач директор на МЦМС Александар Кржаловски, а промотори Ѓулумсер Касапи и Сашо Клековски. „Тој што одбива да комуницира сои другите култури засекогаш е осуден никогаш да не порасне и тој за секогаш ќе остане во мракот на својата национална и културна празнина. Запознавањето на културите на другите е богатство на духот и богатството на човештвото“, порача Касапи оценувајќи го трудот на Поповска како вонредно вредна трага во македонското мултикултурно општество. „Лилјана Поповска со својот „двоен“...

Дводневна обука за СИГМА стандардите

Денес е вториот ден од дводневната обука за СИГМА стандарди и алатки на ПР и односи со јавност во Велес. На настанот присуствуваат активисти од невладини организации од Вардарскиот плански регион: Чекор кон Европа и извидничкиот одред “Димитар Влахов”. Ова е шестата обука од циклусот обуки за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации, дел од проектот “Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредностите на добро управување” кој е финансиран од Европската унија а го спроведуваат Центарот за управување со промени, Асоцијацијата за менаџмент консталтинг и Центрарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија.

Вестите повеќе се копирани, отколку оригинални

“Од вкупно 1902 напишани вести, 955 биле превземени вести, додека 947 – оригинални. Овој податок дава до знаење дека во Македонија има голем проблем со оригиналноста на содржините кои се пласираат во јавноста”, истакна новинарот Џелал Незири, презентирајќи ги резултатите од анализата на 15 македонски медиуми на вчерашната Обука за организациско и професионално јакнење на веб порталите од Североисточниот регион на Македонија која се одржа во ГЕМ клубот во Скопје. Анализата, која траела една недела е спроведена од Центарот за развој на медиумите “Медиум”, а податоците кои се добиени, според организаторите, укажуваат на еден сериозен проблем со кој се соочува македонското веб новинарство. Незири потенцираше:  “Од овие 947 оригинални содржини, пак, веродостојни биле 943, додека 4 спаѓаат под лажни вести. Ова и не е така загрижувачки податок, но мора да се земе предвид фактот дека истражувањето е спроведено надвор...

СКУП награден за најдобар документарен филм за загадувањето на Скопје

Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија доби награда за најдобар документарен филм за загадувањето на Скопје од организацијата Зелен Глобус. Филмот „Загадување: Скопје го стигна Пекинг“ беше објавен во јануари годинава, и ги опишуваше начините за намалувањето на загадувањето на главниот град. Покрај СКУП награди од „Зелен Глобус“ добија Горјан Јовановски за апликацијата Мој Воздух, Донче Илиовски за најдобра еко фотографија, Емисијата „Еден на еден“ за хаштагот Ден на воздухот, Поф. Д-р Драган Ѓорѓев за својот придонес за чист воздух, водителот Огнен Јаневски, Велосипедската организација на Точак, Радио Моф и Анонимни урбани уметници за најдобра герила акција. Доделувањето на наградите се одржа вчера во Младински културен центар.

Оставете коментар

коментар(и)