Вештачката интелигенција не е човек: Шефот на Мајкрософт предупредува каде може да нè одведе трката за суперинтелигенција

Технолошките компании ризикуваат да создадат нов „силиконски вид“ кој еден ден би можел да се натпреварува со луѓето за ресурси доколку на системите со вештачка интелигенција им се овозможи самостојно да поставуваат цели, да заработуваат пари и да поседуваат средства, предупреди Мустафа Сулејман, шефот за вештачка интелигенција во Мајкрософт. Во интервју за Би-Би-Си, Сулејман повика на построги ограничувања и механизми за контрола при развојот на најнапредните модели на вештачка интелигенција, истовремено критикувајќи го пристапот според кој на овие системи им се припишуваат човечки особини, желби и чувство за сопствен идентитет. Неговото предупредување доаѓа во време кога некои од највлијателните луѓе во технолошката индустрија сè поотворено зборуваат за опасностите што би можеле да произлезат од системи способни да дејствуваат со сè поголема самостојност. „Ако продолжиме да создаваме вештачки интелигенции кои создаваат сопствени цели, заработуваат пари и поседуваат средства, во суштина...

ИНТЕРВЈУ / Зоран Иванов: ВИ е феноменална алатка, но новинарот мора да остане чувар на точноста и изворите

Фото: Принт-скрин ТВ24 Вештачката интелигенција забрзано влегува во редакциите и го менува начинот на кој новинарите пребаруваат информации, анализираат податоци и создаваат содржини. Но брзината и можностите што ги нуди технологијата не ја намалуваат одговорноста на новинарот – напротив, ја зголемуваат потребата од проверка на фактите, веродостојни извори и почитување на професионалните и етичките стандарди. Во интервју за СКУП, долгогодишниот новинар и медиумски менаџер Зоран Иванов вели дека ВИ може да биде „феноменална алатка“ и еден од клучните соработници на современото новинарство, особено во аналитичките и истражувачките стории. Сепак, предупредува дека редакциите не смеат премногу да се потпираат на неа, ниту содржините генерирани со ВИ да ги објавуваат без внимателна проверка. За Иванов, прашањето не е само дали една содржина е создадена со помош на ВИ, туку од кои извори потекнува, како е проверена и дали новинарот ја задржал...

Албанија и Северна Македонија со најмногу прекини на струја во Европа и Евроазија

Албанија е на дното на новиот индекс за сигурност на електроснабдувањето, а Северна Македонија е веднаш зад неа. Податоците покажуваат колку европските електромрежи се изложени на растечката потрошувачка, екстремните временски услови и потребата од нови инвестиции. Албанија има најмногу прекини во снабдувањето со електрична енергија меѓу анализираните земји во Европа и Евроазија, додека Северна Македонија е на второто место, покажува студија на производителот на кабли Wiringo. Според индексот, Албанија има околу 40 прекини годишно, со вкупно околу 65 часа без електрична енергија по жител. Северна Македонија, пак, има просечно 13 прекини годишно и повеќе од шест часа без струја по жител. Податоците ја ставаат Северна Македонија пред Грузија и Ерменија, каде годишното времетраење на прекините е проценето на околу шест до седум часа. На спротивниот крај од индексот е Швајцарија, која според студијата има речиси непрекинато снабдување. Високо се...

За стан од 60 квадрати во Скопје се потребни 164 просечни плати, Софија е значително подостапна

За стан од 60 квадрати во Скопје се потребни 164 просечни плати, Софија е значително подостапна СКОПЈЕ, 13 септември – За купување стан од 60 квадратни метри во Скопје по просечните огласени цени би биле потребни околу 164 просечни месечни нето-плати, односно речиси 14 години целосна заработка, покажува споредбена анализа на шест балкански главни градови. Според анализата на BalkanView, високата цена на квадратен метар не е единствениот показател за достапноста на домувањето. Белград и Софија имаат поскапи станови од Скопје, но повисоките плати значително ја намалуваат тежината за локалните купувачи. Тирана, пак, се издвојува како еден од најтешките пазари во споредбата бидејќи растот на приходите не го следи темпото на цените на недвижностите. Пресметката е теоретска и претпоставува дека целата просечна нето-плата би се трошела исклучиво за стан, без трошоци за храна, сметки, транспорт, даноци или камати за станбен...

Од 110 до речиси 200 милиони евра: Како автопатот Скопје–Блаце за седум години поскапе за речиси 90 милиони евра

Кога во 2019 година тогашниот вицепремиер Бујар Османи ја најави изградбата на автопатот Скопје–Блаце, првичните проценки говореа за проект вреден околу 110 милиони евра. Седум години подоцна, изградбата на само 12 километри автопат достигна вредност од над 198 милиони евра, што го вбројува овој проект меѓу најскапите патни инфраструктурни зафати по километар во историјата на Северна Македонија. Според актуелните податоци, автопатот Скопје–Блаце ќе се финансира со грант од 30,8 милиони евра и заем од 167,6 милиони евра обезбедени преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а неговата изградба треба да биде завршена во рок од четири години. Вкупната вредност од 198,4 милиони евра претставува зголемување од речиси 80 проценти во однос на првичните проценки објавени во 2019 година. Во моментот кога проектот беше промовиран, тогашниот министер за транспорт и врски Горан Сугарески предупредуваше дека конечната цена не може...

Од службени ручеци до патувања: Како министрите за локална самоуправа ги трошат јавните пари

Репрезентацијата и службените патувања доминираат во расходите, додека телефонските сметки остануваат речиси непроменети. Податоците откриваат различни модели на трошење кај четворица министри во период од седум години. Министерството за локална самоуправа евидентирало најмалку 1,08 милиони денари расходи за репрезентација, службени патувања и телефонски услуги во периодот од август 2018 до август 2025 година, покажува анализата на податоците добиени од „Инбокс7“ преку Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Податоците откриваат дека најголемиот дел од трошењето не се однесува на фиксните административни расходи, туку на активности што зависат од начинот на извршување на функцијата, односно официјални ручеци, приеми, службени патувања и делегации. Документите опфаќаат четири министри – Сухејл Фазлиу, Горан Милевски, Ристо Пенов и доскорешниот министер Златко Перински, а содржат месечни расходи за четири категории: гориво, репрезентација, телефонски услуги и патни трошоци. Износите за гориво не се прикажани бидејќи службените возила ги обезбедувала Службата за општи...

Оставете коментар

коментар(и)