Статии напишани од Администратор:
-
Градоначалникот на Росоман не пријавил имотната состојба, а 15 други пријавиле имот, но не и вредност во него
Неодамна, тимот на СКУП направи анализа за тоа кои се најбогатите, а кои најсиромашните градоначалници во Македонија. Во оваа анализа пренесуваме кои се најмалку транспарентите градоначалници, оние кои за поголемиот дел од имотот немаат наведено вредност. На листата на најмалку транспарентни градоначалници се најдоа дури 16 градоначалници од вкупно 81 колку што ги има на ниво на цела држава. Пишува: Кристијан Трајчов Градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими кој... -
Кои се најбогатите, а кои најсиромашните градоначалници во Македонија?
Покрај истражувањето на СКУП направено за претседателските номинации, анализираме и за тоа кои се најбогатите и најсиромашните градоначалници во државата. Градоначалниците во Македонија вкупно поседуваат имот од 28.587.138 евра. Просечно пак, секој градоначалник поседува 352.927 евра. Убедливо најбогат градоначалник во Македонија е градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев со 10.401.581 евра. Тој поседува земјишта, дури пет куќи, пријавен еден непрецизиран имот во Ваташа, два стана во Скопје, дури осум моторни... -
Таравари најбогат, Пендаровски најмалку транспарентен од претседателските номинации
За претстојните претседателски избори пријавени се 13 претседателски номинации, но тоа не значи дека сите ќе бидат кандидати. Потребни се 10 илјади потписи од граѓани или пак 30 пратеници во Собрание. СКУП Македонија, во рамки на проектот ПЕП, направи анализа на анкетните листови на оние потенцијални претседателски кандидати кои вршеле јавни функции а чии што анкетен лист е јавно објавен на страната на Државната комисија за спречување корупција. Актуелниот... -
Колку се богати македонските пратеници?
Просечното „богатство“ на еден пратеник во македонскиот парламент вреди 261 илјади евра, најбогат е бизнисменот Исмаил Јахоски, сопственик на Пуцко Петрол, а „најсиромашни“ се четворица пратеници коишто немаат воопшто доставено анкетен лист или пак не навеле вредност на тоа што го пријавиле. Екипа на СКУП Пратениците во македонскиот парламент којшто е во заминување, до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) пријавиле имот што вкупно вреди 31 милион и... -
Ковачевски побогат од Џафери, вториот најбогат министер разрешен
Поранешниот премиер Ковачевски е побогат од сегашниот Џафери за околу 400 илјади евра Претседателот на Собранието во техничката влада Јован Митрески пријавил имот кој е во вкупна вредност од 132.682 евра Разрешениот министер Меџити е вториот најбогат министер од веќе поранешната Влада Другиот разрешен министер, Азир Алиу со скромно богатство од речиси 360 илјади евра На 100 дена пред двојните избори, Северна Македонија ја доби третата преодна (техничка) влада... -
Бектеши има скоро 2 милиони евра, а Љупчо Николовски побогат за 100.000 евра
• Бектеши, Меџити, Бесими, Шаќири и Шукова се најбогатите министри и заедно тежат околу 5.370.000 евра. • Тренчевска, Лога, Спасовски, Маричиќ и Костадиновска Стојчевска се најсиромашните министри, при што заедно поседуваат само 486 илјади евра. • Министерот Спасовски и министерката Костадиновска Стојчевска ја немаат наведено вредноста за поголемиот дел од нивните имоти • Истражувањето на СКУП во рамките на проектот „How wealthy they are“ покажува дека функционерите во Македонија... -
СКУП Македонија продолжува со следењето на имотната состојба на функционерите
Почитувани, читатели и подржувачи на работата на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија. Особена чест и задоволство ми е да споделам информација со вас дека нашата Организација и годинава продолжува со проектот „Колку се богати функционерите“. Веќе активно работиме на новата платформа, која треба да биде еден активен чинител и многу моќна алатка во превентивната борба против корупцијата. Тајнината или тајноста е мајка кај што се раѓа корупцијата. Таа... -
Депонирањето на ѓубрето на Истокот создава сериозни проблеми
Пишува: Горан Лефков Чад, смрдеа и криминал излегува од ѓубрето во Источниот плански регион. Граѓаните со постојани реакции, додека комуналните претпријатија немаат соодветно решение за овие ѓубришта. Ова е секојдневието со кое се соочуваат граѓаните во Источна Македонија. Стојанчо Минов, од Штип, се жали на состојбата со градската депонија во Штип. „Смрдеа се шири насекаде. Има денови кога не се дише. Депонијата не е според стандардите и имаме големи...