Укажувачите незаштитени во пракса
За укажувачите нема финансиска подршка кога ќе останат без приходи или ќе ги избркаат од работа. Осудени од институциите и без правна помош се борат со системот како со мечка Пишува: Горан Лефков Укажувачите се државен непријател. Ова е впечатокот на лицата кои за доброто на државата и граѓаните влегле во чевлите на укажувач, само затоа што не можат да ги поднесат неправдите и неправилностите во водењето на институциите... 










