МЕДИУМСКИОТ ПРОСТОР НЕРЕФОРМИРАН, СМЕНЕТИ НАЧИНИТЕ НА КОНТРОЛА И ВЛИЈАНИЕ
Автор: Мирјана Василева Дванаесет печатени изданија годинава се посреќија со државни пари со кои ќе си ги надоместат трошоците за печатење направени во текот на минатата година. Лани, бројката на печатени медиуми кои добија владини субвенции беше за еден помала, односно вкупно 11 печатени изданија добија државна помош. Па, сепак, сумата беше отприлика таа – околу 700 илјади евра. Иако Владата, заедно со претставниците на дел од медиумската заедница...