РАШИДИ И МИНОВ ГО ЗГОЛЕМИЈА ИМОТОТ, ПЕТ ПРАТЕНИЦИ СО НОВИ АВТОМОБИЛИ
Пратеникот Панчо Минов на својот досегашен имот вреден 45.198 евра го додал „непрецизираниот имот“ вреден 23.600 евра. Досегашната имотна листа вредна 21.984 евра, Сурија Рашиди ја надополнил со пет нови земјишта вредни 159.614 евра. Џеват Адеми го пријавил имотот на своите деца, односно тие се водат како „Косопственик-содружник на ТД ИЦ ЊУ Драјвер ДОО“. Пишува: Бјанка Станковиќ и Ангела Рајчевска За период од три месеци пратениците Сурија Рашиди и...