Власти се менуваат, загадувањето останува: вдишуваме смог – издишуваме живот
Автори: Ива Андреевска и Сандра Никчевска Пред Делхи и Калкута во Индија, Лахор во Пакистан, Улан Батор во Монголија, Ченгду и Пекинг во Кина. Скопје повторно е на врвот на светската листа според загаденоста на воздухот. Кон крајот на скоро секоја година загрижени граѓани протестираат и бараат решение за проблемот со загадувањето, кои според нив е на ниво на труење. Но, институциите имаат еден ист одговор – нема...