Категорија: Истражување

НОСИТЕЛИ НА ПРВАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА: КОЛКУ СЕ БОГАТИ?

Во рамките на проектот ПЕП (Политички изложени личности), СКУП ќе ги прикажува биографиите на носителите на кандидатските листи во сите изборни единици, со посебен фокус на нивната имотна состојба. Пишува: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Се беше подготвено за почеток на големата изборна трка за власта во Северна Македонија, која требаше да заврши на 12-ти април, кога граѓаните ќе одлучуваа кој да ја води државата во наредните години. Но,...

ПАНДЕМИЈАТА ГИ ИЗНЕСЕ НА ПОВРШИНА ДЕФЕКТИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

Пишува: Екипа на СКУП Вкупно 37 лекари можат да се избројат на веб сајтот на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, која беше прва на удар за потешките случаи на заразени со Корона вирусот. Но реално, најпрвин биле ангажирани само 7 доктори специјалисти за потоа нивниот број да прерасне во 12, кои работат распределени во 4 групи и на кои им помагаат...

НОВИНАРИТЕ АЛАРМИРААТ – НОВИНАРСТВОТО И ПОНАТАМУ СЕ ДЕВАЛВИРА

Автор: Мирјана Василева Новинарот Христо Ивановски смета дека, и покрај модерните трендови, се уште кај нас има медиуми кои се блиски до власта и опозицијата. „Се додека медиумите се под влијание на различни центри на моќ, нема да има професионално новинарство. Постојано во медиумите се таргетираат новинари за да напишат нарачан текст или само да го прочитаат, иако и самите тие во моментот често пати не знаат која е...

ИСТРАЖУВАЊЕ: КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА КЛИЕНТЕЛИЗМОТ НА МЕДИУМИТЕ?

Автор: Мирјана Василева За потребите на оваа сторија реализиравме анкета со 30 новинари од печатени и електронски медиуми во земјава, која е спроведена во периодот од 20 ноември до 20 декември 2019 година. Според резултатите од анкетата, клиентелистички практики и корупција во медиумите постоеле и за време на претходната и за време на оваа власт. Поголем дел од новинарите одговорија потврдно на прашањето дали имало клиентелистички пракси во медиумите...

МЕДИУМСКИОТ ПРОСТОР НЕРЕФОРМИРАН, СМЕНЕТИ НАЧИНИТЕ НА КОНТРОЛА И ВЛИЈАНИЕ

Автор: Мирјана Василева Дванаесет печатени изданија годинава се посреќија со државни пари со кои ќе си ги надоместат трошоците за печатење направени во текот на минатата година. Лани, бројката на печатени медиуми кои добија владини субвенции беше за еден помала, односно вкупно 11 печатени изданија добија државна помош. Па, сепак, сумата беше отприлика таа – околу 700 илјади евра. Иако Владата, заедно со претставниците на дел од медиумската заедница...

Општината Струга го удри меракот на 50 илјади квадрати од крајбрежниот струшки „Еуротел“

Автор: Мери Јордановска Оваа градежна приказна и голгота на сопствениците на апартмани во струшкиот хотел во последниве години е „зачинета“ и со дополнителни случувања кои фрлаат сомнеж дека некој сака да го присвои вредното земјиште – избувнуваат подметнати пожари, се експроприраат и мистериозно се одземаат илјадници метри земјиште околу хотелот, а сопствениците со судските пресуди залудно одат по институциите за да докажат дека всушност земјиштето им припаѓа ним. Но,...

Загадување: Кампањите 10 пати поскапи од мерните станици

Прилеп, Штип и Свети Николе не издвоиле средства за справување со аерозагадувањето Автор: Јасминка Стојановска Град Скопје за последниве три години потрошил најмалку 10 пати повеќе пари на кампањи, елаборати и истражувања во врска со загадувањето на животната средина отколку што државава потрошила за набавка на инструменти за мерните станици кои ја мерат загаденоста на воздухот низ целата нејзина територија. Само во 2019 година, скопските власти издвоиле досега рекордна...

ФУНКЦИОНЕРИТЕ НЕ ШТЕДЕЛЕ НА АВИОНСКИ КАРТИ, ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ И РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Од вкупно 78 функционери опфатени во алатката за поголема дигитална транспарентност, 61 трошеле додека 17 не потрошиле воопшто. Пишува: Љубица Иванова Министерот за надворешни работи (МНР) Никола Димитров, вице-премиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и премиерот Зоран Заев потрошиле најмногу буџетски пари во првите месеци од 2019, покажува анализата на СКУП заснована на податоците од алатката за отчетност.  Никола Димитров има потрошено вкупно 1.282.027 денари. Најмногу потрошил во...