Дезинформациите ги подгреваат климатските промени

Главна храна на теоретичарите на заговор им се дезинформациите. Некои од нив не се ни свесни за опасностите од ширењето на овие теории. Тие ја одложуваат итната акција што треба да се превземе од сите граѓани во спречувањето на загадувањето на воздухот, спречувањето на стакленичките гасови и загревањето на планетата. Македонија ќе биде се посува и потопла. Пишува: Кристијан Трајчов Извонредно топлото лето е резултат на ХАРП – Високо фреквентна активна истражувачка програма на поларната светлина. Поплавите што се случуваат во делови од светот се продукт на сатаната. Вакви дезинформациски објави главно по социјалните мрежи се чести толкувања на климатските промени, во кои некои наши сограѓани одбиваат да веруваат.   Факт е климатските промени во Македонија го достигнаа својот врз ова лето. По неговото завршување ќе може да се направи споредба со изминатите години. Официјалните мерења покажуваат дека највисоки...

Министрите на Мицковски во недвижности тежат над четири и пол милиони евра

Министерката за енергетика Сања Божиновска поседува четири стана во странство од кои два во Шпанија, еден во Португалија и еден во Србија. Министерот Љутков има стан во Банско, Бугарија, додека 4 министри не пријавиле живеалишта воопшто Пишува: Кристијан Трајчов Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска има најмногу пари врзани во недвижности. Таа пријавила живеалишта вредни над 1 милион евра. Таа поседува два стана во Центар, едниот со површина од 87м2, а другиот од 60м2. Поголемиот стан вреди 80,000 евра, а помалиот 60,000 евра. Поседува и четири стана во странство од кои два во Шпанија, еден во Португалија и еден во Србија. Едниот стан во Шпанија вреди 335,000 евра, а другиот 225,000 евра. Станот во Португалија е проценет на 162,000 евра, а станот во Србија 157,476 евра. Вкупно сите министри од Владата на Мицкоски во недвижности тежат...

Мицкоски зема двојно поголема плата од српскиот премиер Вучевиќ

Христијан Мицкоски е втор најплатен премиер во Западен Балкан. Со покачувањето на платите на функционерите за 70%, повеќе плата од него зема само албанскиот премиер Еди Рама Пишува: Кристијан Трајчов Премиерот на Албанија Еди Рама зема месечна плата од дури 3600 евра, додека просечната е 670 евра, што значи платен е повеќе од петпати од просекот.Тој веќе 11 години е премиер на Албанија и е водач на Социјалистичката партија на Албанија од 2005. Бил и министер за култура и спорт, а во три последователни мандати бил и градоначалник на Тирана (2000–2011). На второто место се наоѓа актуелниот премиер на Северна Македонија Христијан Мицкоски кој само еден месец е премиер на државата. Деновиве Владата ги објави платите на Мицкоски, како и на министрите од неговата Влада. Мицкоски заработува по 2280 евра, месечно. Платата на министрите е 115.540 денари, односно 1.870...

Венко Филипче заборавил да ја пријави бугарската фирма

Филипче има зголемување на имотот од 160.000 евра за само две години. На заминување од функцијата министер за здравство, на крајот на 2021 година, Филипче тежел 690 илјади евра. Денес како пратеник на СДСМ тежи 850.000 евра без целосна вредност на пријавениот имот. Пишува: Кристијан Трајчов Пратеникот Венко Филипче и нов претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред една недела пријавил промена во неговиот имот. Промената се совпаѓа со објавата на Исртажувачката репортерска лабораторија која најде бугарска фирма регистрирана во Петрич, а сопственички поврзана со Венко Филипче. Фирмата се вика „Poweri8“, а нејасно е, што таа компанија работела до денес. Филипче за ИРЛ потврди дека има компанија во Бугарија, но заборавил да ја пријави во анкетниот лист. Адресата на оваа фирма е на улица „Гоце Делчев“ број 12 во градот Петрич каде на истата адреса се водат повеќе компании во сопственост на братот и...

Новата Влада „тежи“ над 3,6 милиони евра – премиерот Мицкоски пријавил скапи часовници, министерот Таравари единствен милионер

Изработил: ТИМ на СКУП – Македонија Новата Влада на Република С. Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски брои вкупно 24 члена и 20 министерски места. Покрај премиерот, има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив е прв вицепремиер. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата „Вреди“ и двајца од Движењето ЗНАМ за наша Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски е полумилионер – пријавил скапи часовници, нема автомобил Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и премиер пријавил имот во вредност од 506.036 илјади евра. Мицкоски на свое име пријавил куќа од 343 м2. во Влае, од 2014 година која ја стекнал со договор за купопродажба во вредност од 437.263 илјади евра. Исто така пријавил и девизен штеден влог, без да ја наведе неговата вредност и начин на стекнување на парите. На име долг, пријавил потрошувачки кредит во износ од 6.610 евра. Како...

Пратеникот Исмаил Јахоски вреди над 2,2 милиони евра – пратениците од „петка“ пријавиле имот од над 6 милиони евра

Центарот за истражувачко новинарство „СКУП – Македонија“ во рамки на проектот „ПЕП“ ги анализираше податоците од имотните листови на новоизбраните пратеници во македонското Собрание од петтата изборна единица. Изработил: ТИМ на СКУП – Македонија Најголем дел од вредноста на пријавениот имот на пратениците во петтата изборна единица припаѓа на пратеникот Исмаил Јахоски кој како поединец пријавил анкетен лист „тежок“  2.287.105 илјади евра. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ  во „петка“ брои десетмина пратеници, од нив деветмиина за кои поседуваме податок заеднички пријавиле имот од  2.627.337 евра. 462.081 евра вредат  тритте пратеници на СДСМ и коалицијата, без Јахоски, коалицијата на ДУИ „тежи“ 547.036 илјади евра, додека Движењето ЗНАМ за наша Македонија и единствената пратеничка чини 152.825 евра. За пратениците на коалицијата „ВРЕДИ“  и партијата Левица нема податок во регистарот на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Пратеникот Исмаил Јахоски сам пријавил...

Оставете коментар

коментар(и)