
Автор: Мирјана Василева Новинарот Христо Ивановски смета дека, и покрај модерните трендови, се уште кај нас има медиуми кои се блиски до власта и опозицијата. „Се додека медиумите се под влијание на различни центри на моќ, нема да има професионално новинарство. Постојано во медиумите се таргетираат новинари за да напишат нарачан текст или само да го прочитаат, иако и самите тие во моментот често пати не знаат која е позадината“, вели Ивановски. Во последниот период, додава тој, „сведоци сме дека има подобрувања во новинарството, но потребно е поголема одговорност. Во некои редакции постојано има притисоци и често пати доколку новинарот одбие да пишува пристрасно за одредена тема, се соочува со казна од плата или закани за отказ ,доколку не направи онака како што му е кажано“. „За ова е потребно охрабрување, новинарот со издржани аргументи да ги одбива таквиот...