
Автори: Сандра Никчевска, Ива Андреевска, Моника Себиќ Дом без адреса, без име на улица, без број. Најстудениот дом во градот. Најсуровиот и лете и зиме. И најнебезбедниот за неговите станари – домот на бездомните. А ги има подоста. Само во Скопје повеќе од 300 наши сограѓани. Тлото им е душек, небото покривка. Страдаат од глад, од студ, од жега. И од хулигани. Вербално малтретирани, тепани , дури и убивани, е додатокот на и онака грдата слика за животот на македонските бездомници. Животот на улица по дефиниција е суров. Да се спие на клупа, на картон, да се покриеш со најлон на дожд, со черга на минус 30, излегува дури и од рамката на најгрдата нечовечнoст. Можат ли тоа да го разберат вдомените и институциите? Некои да, некои не. Безбедноста на бездомниците, пак, е целосна општествена негрижа за човечкиот...