ТРАНСПАРЕНТНОСТ: ЦРНА И БЕЛА ЛИСТА НА ОПШТИНИТЕ
Автори: Ива Андреевска и Сандра Никчевска Дванаесет од вкупно 82 општини во Република Македонија не одговориле на ниту едно прашање на Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија од почетокот на 2017 година. Во овој период новинарскиот тим на СКУП истражуваше на три теми поврзани со работата на локалната самуправа, и тоа: за трошоците за репрезентација, за можната злоупотреба на службените возила, како и за трошењето на бензини и сервисирање. Никаков одговор во однос на овие теми не е добиен од општина Карпош, Сарај, Демир Капија, Сопиште, Илинден, Зелениково, Дебарца, Струмица, Неготино, Студеничани, Теарце и Врапчише. Само за една од трите истражувања одговор пратиле 10 општини, и тоа: Центар Жупа, Желино, Маврово Ростуша, Босилово, Конче, Кавадарци, Виница, Крушево, Кратово и Бутел. Одговори за сите три прашања дадоа 25 општини додека само два одговори имаше од 35 општини. ТЕШКО СЕ СТИГНУВА...