
ДОКУМЕНТАЦИЈА Автори: Евгенија Јанакиеска и Никола Рашо Радулов Употребени шприцеви, игли, завои, памуци, фластери, лонгети, наместо во посебни заштитни вреќи и специјализирани печки за согорување и уништување, завршуваат во контејнерите наменети за обичниот дневен смет на или расфрлани во близината на медицинските установи. Истражувањето на СКУП покажа дека медицинскиот отпад во Македонија се фрла насекаде. Се фрла во обичните контејнери, на дивите депонии. Се среќава по темните ќошиња во дворовите на здравствените установи, се фрла под нивните скали. Уличните животни ги разнесуваат медицинските отпадоци во околината. Наместо да биде исклучок, некаков инцидент, случајно невнимание, во Македонија како да е правило околу најголемиот број амбуланти и болници да се забележи медицински расфрлан и од никого контролиран медицински отпад. А со летните жештини, опасностите од разни зарази се потенцијална опасност по здравјето на луѓето. Наместо паркови и зеленило, опасен...