СТРАЗБУР САТИСФАКЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКОТО НЕПРАВЕДНО СУДСТВО
Автори: Даниела Трпчевска, новинар уредник Ангела Рајчевска, новинар репортер Македонските политичари, јавни личности, бизнисмени, па и дел од новинарите, не само што чувствуваат поголема душевна болка од обичните граѓани, туку и лесно се одлучуваат да тужат. Судовите пак, од друга страна се чини им ја олеснуваат ваквата пракса на застрашување, прифаќајќи ги и тужбите во кои, според искуствата од Стразбур, нема основи за клевета и навреда. „Лакрдијаш, идиот, простак!“ Доколку овие зборови некогаш ги употребите во текст, колумна или коментар на текст во некој од медиумите во земјава, лесно може да се случи да завршите на суд поради навреда и клевета. Додека за Судот во Стразбур ваквите термини се прифатливи, доколку не станува збор за личен напад на некоја јавна личност, кај нас можат да бидат повод за тужба која може да ве чини и по неколку илјади...