Во „четворката“ Филипче полумилионер – во просек едно пратеничко столче „тежи“ над 165 илјади евра

Центарот за истражувачко новинарство „СКУП – Македонија“ во рамки на проектот „ПЕП“ ги анализираше податоците од имотните листови на новоизбраните пратеници во македонското Собрание од четврттата изборна eдиница. Изработил: Тим на СКУП Македонија Во четврттата изборна единица најбројна е пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со тринаесетмина (13) народни избраници, по нив е СДСМ и коалицијата со петмина (5) пратеници и партијата Левица и Движењето ЗНАМ за наша Македонија со по еден (1) пратеник. Нивниот вкупен имот вреди околу 3 милиони евра. ВМРО-ДПМНЕ во четврттата изборна единица вреди 1.7  милиони евра Пратеникот Петар Ристески се наоѓа на врвот на листата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Изборната единица 4. Тој пријавил имот од 376.406 евра што го прави најбогат помеѓу тринаесетмината избраници од коалицијата „Твоја Македонија“. По него следи Билјана Кузманоска со 300.997 евра, а во првите три се...

Пратениците од треттата изборна единица пријавиле имот од скоро 2.5 милиони евра

Центарот за истражувачко новинарство „СКУП – Македонија“ во рамки на проектот „ПЕП“  ги анализираше податоците од имотните листови на новоизбраните пратеници во македонското Собрание од третата изборна единица. Изработил: Тим на СКУП Македонија Најголем дел од вредноста на третата изборна единица припаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која на изборите во мај освои четиринаесет (14) пратенички мандати од можни дваесет собраниски столчиња. Зад нив со четири (4) мандати е СДСМ и партијата Левица и Движењето ЗНАМ за наша Македонија со по еден (1) пратеник. ВМРО-ДПМНЕ во „тројка“ тежи над 1, 2 милиони евра Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ во третата изборна единица по разни основи пријавиле имот вреден  1.281.146 илјади евра.  Од  четиринаесетмината избрани пратеници, во нашето истражување за вредноста на имотот од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)  поседуваме анкетни листови за дванаесетмина од нив. Најбогат,...

Пратениците во „двојка“ тежат над 2 милиони евра – Битиќи најбогат, Гаши пријавил најмал имот

Центарот за истражувачко новинарство „СКУП – Македонија“ во рамки на проектот „ПЕП“  ги анализираше податоците од имотните листови на новоизбраните пратеници во македонското Собрание од втората изборна единица. Изработил: Тим на СКУП Македонија Во нашето истражување за имотната состојба на избраните пратеници од втората изборна единица анализираме анкетни листови на 15 народни избраници кои по разични основи имаат доставено податоци за нивната имотна состојба до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во „двојка“ ја сочинуваат осумина пратеници, две собраниски столчиња се резервирани за пратениците од СДСМ и коалицијата, четири за Европскиот фронт на ДУИ, три за Коалицијата „Вреди“, Движењето ЗНАМ за наша Македонија во втората изборна единица освои два пратенички мандати и еден пратеник на партијата Левица. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во „двојка“  вредат над половина милион евра Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица...

Осомничениот Мемети дупло побогат од уапсениот Георгиев, двајцата нетранспарентни до крај

Пишува: Кристијан Трајчов Судијата во Врховниот Суд Наке Георгиев беше уапсен откако беше пријавен од страна на синот на ексградоначалникот на струмичко Ново Село, Боро Стојчев, бидејќи примил награда за противзаконито влијание во која освен Георгиев, опфатен е и членот на советот на ЈО Иџет Мемети кој е второосомничен. Георгиев бил фатен на дело како прима 10.000 евра во кеш од страна на синот на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев кој е осуден за трговија со марихуана, на кој му ветил дека ќе му ја олесни постапката. Наке Георгиев е поранешен претседател на Апелациониот суд Штип каде во тоа време, до Судскиот совет била поднесена претставка за работењето на Георгиев и на уште двајца судии од истиот суд. Судскиот совет ги разреши двајцата судии, но претставката за Георгиев половина година не беше ставена на дневен ред, а истата се најде на маса дури откако тој се кандидираше за член на...

Богати пратеници во „единицата“: Секој од нив во просек има 250 илјади евра

Центарот за истражувачко новинарство „СКУП – Македонија“ во рамки на проектот „ПЕП“  ги анализираше податоците од имотните листови на новоизбраните пратеници во македонското Собрание од изборната единица 1. Дваесет пратеници од изборната единица 1 ќе седнат во собраниските клупи како дел од новиот парламентарен состав по изборите што се спроведоа на 8 мај. Од нив од „единицата“,  пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја сочинуваат десет народни избраници, три од СДСМ и коалицијата, по два пратеника од Европскиот фронт на ДУИ, Коалицијата „Вреди“ и партијата Левица како и еден пратеник на Движењето ЗНАМ за наша Македонија. 10 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ – 1.2 милиони евра Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната Единица 1 освои десет пратенички мандати. Дел од пратениците беа дел и од претходниот собраниски состав, додека останатите се нови. Во нашата анализа имаме податоци за седумина од нив. Најбогат според пријавениот анкетен лист е пратеникот Љупчо Пренџов кој пријавил имот во висина од 298. 406 илјади евра. По...

За донаторот на ДУИ во Совет за јавни обвинители не важат законите

Арбер Исаку, член во Советот на Јавни обвинители во јавноста е познат како човек кој за изборите 2014 година донираше 5 илјади евра за ДУИ, за година и пол подоцна да го изберат за член на Советот за јавни обвинители. По 2020 година исчезнува секаква трага за имотната состојба на Исаку од Државната комисија за спречување на корупцијата Пишува: Кристијан Трајчов Арбер Исаку го нема на радарот за следење на имотната состојба на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). СКУП Македонија го истражуваше случајот на Арбер Исаку уште во 2016 година кога напоменавме дека неговото назначување во Советот за јавни обвинители е премногу симптоматичен. Тој поднел анкетен лист за имотната состојба кога дошол на функција во 2016 година, но од 2020 година се губи секаква трага на неговиот имот. На изборите кога Исаку донираше 5.000 евра, ДУИ освои 19 пратеници...

Оставете коментар

коментар(и)