Газдите на 408 компании се „кријат“ вo 28 офшор држави (Прв дел)

Автор: Влатко СТОЈАНОВСКИ Над 400 компании регистрирани во земјава се во целосна или делумна сопственост на други компании, чие седиште се наоѓа во странски држави коишто важат за специфични јурисдикции, или таканаречени офшор зони. Во рамки на истражувањето што го спроведовме, откривме 408 правни лица во македонскиот трговски регистар, чии сопственици всушност не се физички лица, туку други фирми лоцирани во вкупно 28 странски држави што се сметаат за офшор подрачја. Според податоците што ги обезбедивме, најголем број од овие компании во земјава имаат сопственици од европски држави коишто нудат разни финансиски поволности, но, истовремено важат за претежно стабилни и доверливи финансиски системи. Воедно, меѓу нив се сретнуваат и безмалку сите даночни оази во Централна Америка и Атлантикот, кои нудат и највисок степен на дискреција и приватност околу сопственичната структура. Официјалните информации до кои дојдовме говорат дека повеќе од...

„КРСТОПАТОТ НА ДРОГАТА“ НОСИ МИЛИОНСКИ ПРОФИТ

Покрај марихуаната, најкористена дрога е и хероинот. Се проценува дека реалната бројка на корисници на дроги е околу 30 илјади. Ако на еден зависник дневно му е потребно отприлика дневно еден грам, тоа се некои 30 килограми дрога користена на дневна основа. Еден грам во РС Македонија на црно чини околу 20 евра, што значи црниот пазар на дрога дневно има обрт од околу 600 илјади евра. Во моментот кога ќе успеат да создадат рути за криумчарење, тие создаваат мрежи со што се претвораат во меѓународни групи. Така, додека го носат херојот од Турција во Европа, тие превезуваат канабис од Албанија во Турција. Повеќето од овие групи се поли-криминални, што значи дека тие истовремено се справуваат со повеќе од еден вид организиран криминал. Додека во РС Македонија на „срамежлив“ начин се отвораше дебата дали да се легализира марихуаната за...

ЗА НЕКОИ КРИЗА, ЗА ДРУГИ МОЖНОСТ: ПАНДЕМИЈАТА ГО ЗАЖИВЕА ЦРНИОТ ПАЗАР НА ЛЕКОВИ

Република Северна Македонија е цел на трговијата со лекови и медицински средства, но и земја транзит. Се шверцува се – зависно од периодот. Има случаи на обиди за внес на стентови со изминат рок, во вредност од околу половина милион евра. За време на пандемијата се шверцува се – од анти-ковид терапија па се до антибиотици и витамини. Автор: Дана Ламбевска Ако порано лекови на црно се продаваа по тезги и дуќани, сега тоа се прави онлајн. Социјалните мрежи и затворените групи станаа берза за лековите кои не можат да се најдат по аптеки, или пак да се купуваат без рецепт. Пандемијата наметна потреба за една друга група на лекови, која им обезбедува на организираните криминални групи голем профит. Станува збор за анти-виралните лекови и тие кои штитат од коагулација на крвта. Фавиравир и ремдесивир може да се добијат...

КОЛКУ СЕ БОГАТИ МИНИСТРИТЕ?

Мила Царовска, Министерка за образование и наука, е на првото место на листата на министри со најмногу пријавен имот, покажува анализата на СКУП во рамките на проектот ПЕП. Најмалку имот, пак, има пријавено Лубчо Николовски, Заменик на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси.

ТРГОВЦИ СО ЧОВЕЧКИ СУДБИНИ: МИЛИОНСКИОТ ПРОФИТ ОД БАЛКАНСКАТА РУТА

Балканската рута беше официјално затворена во 2016 година, но остана главен извор на профит на организираните криминални групи. Во услови на голема невработеност, многу млади стануваат дел од овој илегален бизнис. Локалните заедници и невладини организации се активни на терен за градење на отпорност кон организираниот криминал, но велат дека отсуствува поддршката од страна на институциите. Министерство за внатрешни работи вели дека секоја година расте бројот на откриени обиди за илегален премин на државата, како и бројот на сузбиени групи кои оперираат со овој илегален бизнис.  Автор: Бардул Заими Наместо пат за замислениот рај, дваесетиседумгодишната Хана од Ирак го поминала патот до пеколот. Нејзината голгота поминува низ неколку држави: откако пред три месеци бега од војната во Ирак, првото засолниште и е Турција, за потоа на илегален начин да премине во Грција. Нејзината крајна цел не била Грција, туку...

Оставете коментар

коментар(и)