За патни трошоци потрошени 7.4 милиони евра: пратеникот Наумовски наплатувал како со кола да доаѓа од Австралија во Македонија
Пратеникот во Македонското собрание од изборната единица Азија и Австралија, Васко Наумовски, е скоро непознат за домашната јавност. Ретко се појавува за излагање, за реплика или пак за да постави пратеничко прашање. Но, ако се суди според сумите кои ги наплатил за да патува низ државава, очигледно тој повеќе е активен надвор, на терен отколку во собраниското столче. Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, користејќи го законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, дојде до податоци кои говорат дека Наумовски успеал да наплати неверојатни 971.474 денари, или 15.800 евра, од Собраниската благајна од октомври 2014 до октомври 2015 година за користење на сопствено возило за службени потреби во Македонија. Наумовски не беше достапен за да одговори на прашањата околу начинот како ги наплаќа овие пари. Експертите, пак, велат дека наплатата на патните трошоци од страна на Наумовски е...