Флерт со невладините: Исти организации секоја година добиваат народни пари

автор: Александар Димитриевски текстот е оригинално објавен во емисијата 360 степени на „Алсат М“ телевизија на 1 мај 2015 година     Владата на Република Македонија, согласно правната регулатива од крајот на 90-тите години, редовно ги поддржува здруженијата и фондациите. Распределбата на одредена количина на пари, преку владина одлука го прави и сегашната како што тоа го правеле и преходните гарнитури. Со годините, се отворија и различни фондови за поддршка. Така, денес пари на фондациите и здруженијата се даваат преку одделни министерства, општини и од барем две програми директно преку Владата. Во ова истражување, се фокусираме само на најголемата таква програма наречена „Трансфер до невладини организации наменети за финансирање на програмски активности на здруженија на граѓани и фондации“ (стр 8). Таа има најдолга историја, преку неа се делат најмногу пари, но и самата е доволно комплексна за еден новинарски текст....

Македонија е рај за пензионерите и пекол за работниците

Фондот за здравствено осигурување и годинава намали дел од дијагнозите на кои им следува бањско лекување, покриено со пари од оваа институција. Ова значи дека многу пациенти, бањските лекувања и рехабилитации, ќе мора да си ги покриваат од сопствен џеб. Во табела 1 се претставени парите издвоени за бањско лекување на осигурениците на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во изминативе неколку години и бројот на пациенти кои ги користеле овие услуги на товар на ФЗО. <a href=’#’><img alt=’Sheet 1 ‘ src=’https://public.tableau.com/static/images/Pa/PacientiiPari/Sheet1/1_rss.png’ style=’border: none’ /></a> Од таму се забележува дека во 2014 година за истите пари се лекувале за 50% повеќе пациенти во однос на 2013 година. Ова, навидум е добро. Зголемен е бројот на повредени или болни кои се лекувале на државен трошок. Но од друга страна, со истите пари 70 милиони денари (1,2 милиони евра) во 2013 година...

Македонија останува без шуми поради лична корист на поедници

автор: Искра Опетческа Вработени на одговорни функции во Јавното претпријатие (ЈП) “Македонски шуми”, подружница “Бабуна” Велес, го кршат Законот за шуми со што на незаконски начин заработуваат илјадници евра на грбот на државата и на приватните сопственици на шуми, тврди  Жилбер Жак Арсов сопственик на 42 хектари земја со 700 метри кубни дрва во атарот на велешкото село Ветерско.   “Еден од најголемите проблеми се испратниците. Податоците напишани на испратниците не соодветствуваат со вистинската состојба на теренот. Така на една испратница на пример,  пишува дека се исечени 3 метри кубни дрва а на другата, резервната 30  метри кубни дрва. Сето тоа со образложение дека треба да има баланс при сечата затоа што секоја парцела е различна. Во некоја има помалку дрва за сеча а некаде пак да има повеќе. Друг проблем е и тоа што надлежните, мене како продавач на...

Спортски сали: Ветувањата посилни од реализацијата

автор: Жаклина Хаџи-Зафирова   Сиви голи ѕидови и обрасната трева. Ова е сликата на која веќе навикнаа жителите на скопската населба Ченто, додека поминуваа покрај Основното училиште „Крсте Мисирков“, каде уште пред десетина години требаше да никне нова спортска сала. Но, наместо со новоизградениот објект, кој го најавуваа сите досегашни власти, учениците и децата од ова место се задоволуваа со училишниот двор и околните дотрајани и импровизирани локални игралишта каде од забава играа кошарка или фудбал. Приближно исто толку стара како започнатиот објект во Ченто е и долгонајавуваната спортска сала во населбата Автокоманда, веднаш до студентскиот дом „Стив Наумов“, каде и покрај најавите на надлежните, се уште ништо не се случува, а објектот пропаѓа од година во година.   Се прави ли стратегија за тоа какви се потребите на граѓаните во општините? И какви се потребите на учениците во...

Во токсичкото кралство на Југохром

    Кога во 2005-та година се донесе новиот Закон за животна средина, се веруваше дека во Македонија конечно ќе се почне со решавање на енормното загадување. Земјата, која се соочува со лоши економски показатели и голема невработеност и после 10 години се соочува со истиот проблем. Во текот на ова декада владата поставуваше неколку рокови за поставување на еколошки филтри за најголемите загадувачи, но само еден мал дел од нив ги испочитуваа. Последниот рок беше 31 октомври, кога Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) требаше да стави клуч кај сите загадувачи кои не започнале процедура за инсталација на филтрите согласно законот. Но, еден ден подоцна на заедничка прес-конференција во Скопје се појавија заменик-премиерот за економски прашања Владимир Пешевски, и министерот за МЖСПП Нурхан Изаири со добра вест за загадувачите: рокот за Југохром се продолжува уште за...

Велешкиот воздух и почвите трајно „богати“ со метали

автор: Бојан Шашевски Воздухот, почвата и зеленчукот во Велес се комплетно контаминирани со токсични метали! Последните истражувања на тимот на реномираниот професор Трајче Стафилов од Институтот по хемија покажуваат поразувачки резултати — луѓето околу згаснатата Топилница за олово и цинк и незаштитената депонија за трошка дишат воздух што е и над 10 пати над дозволеното, а јадат зеленчуци со присуство на тешки метали. Резултатите го потврдуваат децениското труење на градот во срцето на Македонија. Научниците и еколозите бараат институција што ќе подвлече строга линија, ќе го тргне зеленчукот од слободна продажба, ќе се произнесе со поеколошка алтернатива и ќе спроведе подолготраен проект против аерозагадувањето.   „Најзагрижувачки податоци се забележани во примероците од мов, од куќите и зеленчуците од Велес и Повардарјето. За да видиме каква е состојбата со загадувањето на воздухот, собравме примероци од 25 куќи од различни локации...

Оставете коментар

коментар(и)