Општинските манифестации во рацете на невладини организации
автор: Весна Коловска сторијата е оригинално објавена на страницата на Канал77 Како бомба во јавноста одекна веста дека полицијата му поднесе кривична пријава на претседателот на граѓанското здружение „Пастрмалијада 2013“, под сомение за проневера на пари од Пастрмалијадата во 2013-та и 2014-та година. Според пријавата на СВР Штип до Основното јавно обвинителство, „пријавениот А.Ѓ. во периодот од 11.09.2013 година заклучно со месец октомври 2014 година како одговорно лице, Претседател на здружение на граѓани „Пастрамалијада 2013“ Штип и овластено лице во правниот промет, ја искористил службената положба и овластување и без донесување на писмени одлуки од страна на органите на здружението, незаконски потрошил вкупно 2.718.805 денари по различни основи. Пријавениот во повеќе наврати противправно присвоил за себе 396.700 денари, на начин што еден дел во износ од 259.800 денари ги префрлил на сметка на Здружението на трансакциски сметки на...