
Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, заедно со партнерите Институт за човекови права и Медиум, во рамките на проектот „Заедно во борба против корупцијата“, поддржан од Европската Унија, објавува повик за изработка на новинарски текстови од жанрот на истражувачкото новинарство на тема БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА. Следствено, истражувачките стории треба да опфатат една или повеќе области од следниве поттеми: Појавни облици на случаи на корупција (индиции за нерационално трошење на јавните пари, злоупотреба на службена должност, непотизам и клиентелизам); Институции и надлежни тела со мандат за сузбивање или превенција на корупција (покренати случаи од институциите, функционалност и успешност во справувањето со корупција како и отчетност на истите); Детектирање на коруптивни дејствија во постапки за отуѓување на градежно (изградено и неизградено) земјиште, приватизација и закуп на градежно земјиште, денационализација и експропријација. Буџетот со кој ќе располагаат избраните кандидати изнесува 1350 евра...