НА КРАЈОТ ПАНДЕМИЈАТА СЕПАК НАЈМНОГУ ЌЕ НАТЕЖНЕ ВРЗ ГРБОТ НА ДЕЦАТА И НИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Засега сите се согласни дека тоа што неминовно ќе избие на површина, ќе биде генерациската штета врз квалитетот на образовниот процес. Отсуството на дружење врсниците го преточија во онлајн пакости кои им ги дозволуваат несовршеноста на интернет платформата. Светската пандемија го погоди светот по сите линии. Жртвите веќе се бројат со деветцифрени бројки. За економијата и за штетите кои удираат и по егзистенцијата на луѓето и не станува збор. Страдаат сите. Па сепак, гледано перспективно, засега можеби незабележливо поради фактот што кобниот вирус по основ на здравјето, не ги допира најмладите, извесно е дека  на крајот од пандемијата на врвот од евидентираните штети ќе  бидат младите по основ на нивното образование и социјален живот. Во екот на нивниот развој, во времето на нивните училиштни години, врз нивниот грб се струполија сиасет видливи и невидливи грижи и проблеми. Училишните дворови...

ПАНДЕМИЈАТА ИМА СВОЈ КРАЈ, НО ДОТОГАШ ТРЕБА ДА СЕ СОЧУВААТ И ЖИВОТОТ И ЕКОНОМИЈАТА

И нашиот здравствен систем се соочи  со огромни проблеми, па ситуациите со се поголемиот број пациенти се решаваше кампањски, од ден на ден.     Битката со Короната и кај нас и во светот продолжува. Надежта е во вакцината. Но и овде државниот системот на Република Северна Македонија потфрли. Кога почна некаде во март, април минатата година, никој не можеше да претпостави дека светот ќе се најде во толку непријатна ситуација. Посебно  дека пандемијата ќер трае толку долго. Дека ќе страдаат толкумногу човечки животи, економијата, образобванието. Сликите од италијанските болници кои прикажуваа страотност кога пациените од Ковид 19 ги преплавуваа болничките ходници, а мртвитеги изнеесуваа како да е сстојба на фронт во бесмислена војна, го преплавија светот. Икај нас, иако здравствениот ситем и другите надлежни институции уверуваа дека кај нас оваа епидемија не може да добие толкави размери и дека е...

ПОЖАРНИКАРИТЕ – ТИВКИТЕ ХЕРОИ НА НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

Последното пожарникарско возило од општински или од државен буџет е купено 2008-ма година, a просечна старост на сите пожарникарски возила во земјава е 30 години. Професијата од нив бара да го ризикуваат својот живот за да се спаси туѓ, но тој ризик не им се признава. Пожарникарите ги забележуваме само кога се во акција. Кога гасат пожари, спауват од поплави, потреси, кога извлекуваат давеници и повредени во тешки сообраќајки. На нив се сеќаваме кога на некој покрив ќе ни заглави домашното милениче, мачка или папагалче, седоно. И кога треба да убедат некого дека живото е сепак повреден од се` и дека за се` има решение. А како им е ним, какво им е секојдневието, живото во станицата, во возилото цистерна, под шлемовите, во тешката опрема, никој како да не ги прашува. Како им е и кога се во акција...

ЗДРАВКО КРСТАНОВСКИ: ПОД ДИВАТА ОХРИДСКА УРБАНИЗАЦИЈА СТЕНКААТ И ВОДАТА И КОПНОТО

Д-р Здравко Крстановски е лимнолог, професор по биолошки науки, поранешен директор на Хидробиолошкиот завод во Охрид. Секогаш треба да се има предвид дека таа крајбрежна линија од педесет метри е флексибилна и треба да се одредува кога водостојот на Охридското езеро е највисок, а не да се мери кога е најнизок. Ете, и тука е играта со дивоградбите. СКУП: Прво за езерото, постојано стани падни, те паника дека е преполно, те пак паника кога водостојот е пренизок. Што се случува, има ли грешки во одржувањето или е во прашање урбанизацијата на водениот потенцијал? Здравко Крстановски: Во врска со водостојот веројатно голема грешка е направена шеесеттите години oд минатиот век кога езерото стана и акумулација за производство на електрична енергија, а без притоа да се води сметка за неговото значење од сите аспекти за опстанок на живиот свет. Знаете, пресечен...

Обвинителите истражуваат дали биле прислушкувани

Јавните обвинители во Основното јавно обвинителство Скопје функционираат без фиксни телефони, а причината за тоа е што се сомневаат дека биле прислушкувани. Во ова обвинителство е отворена постапка која трае подолго време со цел да се испита дали нивните фиксни телефони биле прислушкувани, како и телефоните во другите обвинителства кои се сместени во истата десеткатна зграда во центарот на Скопје. „Не само Основното јавно обвинителство, туку и целата обвинителска зграда во која влегуваат покрај Основното јавно обвинителство Скопје и Вишото јавно обвинителство Скопје, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија немаат фиксна телефонија. Кога изби таа афера за сомнежи дека обвинителите се прислушкувани, и кога беше стопирана работата на телефонската централа, се оформи предмет во ова обвинителство и се уште се истражува. Предметот е во предистражна постапка. Јавниот обвиител кој постапува по тој предмет, интензивно го работи. Има обезбедено голем...

Константин Георгиевски, градоначалник на Охрид: Град на УНЕСКО или на дивоградби

Охрид, македонскиот и балкански бисер, градот на УНЕСКО, градот и езерското крајбрежје прогласени за светско културно наследство, се гушат во дивоградби. Урбаниот хаос и алчноста со години ги напаѓаат и езерото и брегот и стариот град, а сето, е под заштита на УНЕСКО е прогласено за светско културно наследство. Опомената оттаму дојде како закана дека доколку не се преземат итни мерки за заштита, Охрид ќе го загуби привилегираниот статус на ООН. Што сега и како натаму се прашањата на СКУП – центар за истражувачко новинарство за охридскиот градоначалник Константин Георгиевски. СКУП: Градоначалник Георгиевски, како накусо и фактографски би ја опишале актуелната состојба со дивоградбите во Охрид? Константин Георгиевски: Познато е на целата македонска јавност, состојбата е прилично фрапантна. Во општината има доставено преку 16 илјади барања за легализација на бесправно изградени објекти, а согласно Законот за легализација на дивоградбите...

Оставете коментар

коментар(и)